· декември, 2010

Написи за Слики од декември, 2010

Русија: Како ме изнасмеа новогодишната елка во Владивосток

Луѓето од најголемиот пристанишен град, Владивосток, на Пацификот, никогаш не го губат својот смисол за хумор. Инаку, би биле во една доживотна состојба на депресија. Тие се смеат за сè и сешто, од нервозни чекања, застои во сообраќајот и застрашувачко снежни ситуации, па сè до украсувањето на новогодишната елка, а...

Кариби: Дефинирање на моменти од 2010г

  31 декември 2010

Многу важни настани се случија на Карибите кои ја одбележаа оваа година, предизвикувајќи реакции од регионалната блогосфера – од студентските протести во Универзитетот во Порто Рико до ослободувањето на кубанските политички затвореници. Можеби најтрогателното од сите овие беше катастрофалниот земјотрес во Хаити. Повеќето блогери сè уште очекуваат новитети и свежи...

Африка: Конечно кондомите условно дозволени од папата

  29 декември 2010

Веста се прошири низ светот за неколку минути. Во една книга објавена на 23 ноември, Папата Бенедикт Шеснаесетти (Pope Benedict XVI) изјави дека „во одредени случаи“ кога намерата е да се намали ризикот од контрацепции, [кондомот] дури може да биде и прв чекор кон похумана сексуалност, доживеена на поинаков начин....

Порторико: Полицијата го зазеде Универзитетот во Порторико

  29 декември 2010

За првпат по 1981 година полицијата на Порторико влезе во главниот комплекс на Универзитетот во Порторико со надзорникот, велејќи дека тие се „овде да ги гарантираат правата на оние кои што сакаат да одат на предавања“. Ова се случи само неколку часа по завршувањето на дводневниот прекин од студентите. Понатаму,...

Глобално: Ширење мир низ слики

  27 декември 2010

Неодамна, група млади претприемачи и фотографи добија идеа за ширење на хуманост, добра воља и позитивност низ слики. На 16 август, нивниот проект наречен Интернационален сојуз на визуелни миротворци (International Guild of Visual Peacemakers) започна да функционира онлајн. Накратко, ИСВМ е организација навидум посветена на, како што тие поставија на...

Порто Рико: Колективни уметнички дела, пиксел по пиксел

  23 декември 2010

Ундодиџитал (UNDOdigital-наречено по нивната омилена опција во компјутерските програми) е формирана од група пријатели кои работат во иста рекламна агенција. Чувството на потреба за создавање на креативна работа надвор од маркетинг индустријата за да се одговори на пошироки теми, како и некои од нивните индивидуални уметници да бидат дигитални уметници,...

Иран: Уметноста и дизајнот на „Зеленото движење“

  20 декември 2010

„Каде е мојот глас“ е изложба на 150 политички постери за Зеленото движење во Иран што можеше да се види во училиштето за визуелна уметност во Њујорк (30 август – 25 септември) направени од графичари од целиот свет (горната креација е на Јоси Лемел), во поддршка на протестите во Иран кои следуваа...

Боливија: 229 години од жртвувањето на Тупак Катари

  20 декември 2010

14-ти ноември беше патоказ во историјата на регионот на Андите бидејќи беше 229 годишнина од жртвувањето на нивниот локален водач Тупак Катари. Помеѓу 1720 – 1730 година растеше антиколонијално мислење во андискиот регион и локалните луѓе се кренаа против шпанските власти. Околу 1780 година, низа немири се случија околу висорамнинските...

Мароко: Штетата од големите поплави

Минатата недела, поројните врнежи низ Мароко предизвикаа големи поплави низ земјата, со што се прекинаа сообраќајот и телекомуникациите, а загинаа најмалку 30 луѓе, вклучувајќи 24 кои исчезнаа откако нивниот автобус беше однесен од надојдените води на реката Боузника, јужно од главниот град, Рабат. Граѓани – новинари ја проследуваат сцената и...

Азербејџан: Oслободен видео блогерот Аднан Хаџизаде

Во една изненадувачка одлука, апелационен суд од Баку, Азербејџан, денес нареди условно ослободување на видео блогерот и младиот активист Аднан Хаџизаде. Најпрво притворен во јули 2009 година заедно со неговиот колега активист Емин Мили, и двајцата беа казнети четири месеци подоцна на две години затвор, за што многумина веруваа дека...