Неодамна, група млади претприемачи и фотографи добија идеа за ширење на хуманост, добра воља и позитивност низ слики. На 16 август, нивниот проект наречен Интернационален сојуз на визуелни миротворци (International Guild of Visual Peacemakers) започна да функционира онлајн. Накратко, ИСВМ е организација навидум посветена на, како што тие поставија на нивната ново лансирана веб страница, „ рушење на стереотипите преку прикажувањето на убавината и достоинството на различни култури низ светот“. Членовите на ИСВМ се поканети да објавуваваат слики, фото албуми и сликовити приказни кои би кажувале бајки од животот преку премногу различните, а истовремено многу сличните култури во светот.
Нивното соопштение за печат во август 2010 вели:
Како што телевизиските екрани, YouTube и изворите за вести се преплавени со слики од насилство и омраза низ светот, една група сочинета од хуманитарни и културни фотографи одлучија да одберат, да ја искористат нивната дарба и да донесат мир преку организацијата наречена Интернационален сојуз на визуелни миротворци (ИСВМ).
Помошник – основачот и претседател на ИСВМ, Марио Матеи, независен фотограф кој моментално живее во Турција, со задоволство се согласи да направи кратко интервју, во кое ја објаснува подетално суштината на ИСВМ :
Д.Р. за Global Voices: Уривање на предрасуди преку споделување на слики кои покажуваат луѓе насекаде во светот, во било каква обична ситуација, но сепак со фантастичен коцепт. Од каде дојде идејата и како се разви?
Марио Матеи: Пред се, ви благодарам Даница за оваа можност да имаме интервју и за фантастичната платформа која ја користите за негово објавување.
ИСВМ започна вака: Мојот добар пријател и помошник-основач, Џим Мулинс, по неколку години од 11ти септември сфати дека за малку ќе се приклучел во војската на САД едноставно поради сликите кои ги видел во медиумите. Фотографиите беа „доказ“. Зачетокот за визуелната миротворна идеа ќе биде секогаш припишана на неговата скромна реализација, дека ова не беше добро! Доказ беше тоа што 2 згради беа урнати од авиони. Останатото е комплицирано и згрчено, кое бара истражување и размислување пред да се одговори.
Помеѓу неколкумина од нас во Аризона, Џим ја соопшти оваа приказна и потребата на она што ние започнавме да го нарекуваме визуелно миротворство. Започна една е-маил дискусија меѓу мене, Џон, Мет Брандон, Никол Гибсон, Дејвид Душемин, помошниците-основачи Логан МекАдамс и Џон Макадо и неколкумина други. Направивме бура на идеи за суштината на ова визуелно миротворство, на кој начин ќе комуницираме и како ќе го распространиме и како би можело да изгледа крос-промотивниот вебсајт. Ние одевме според изјавата на мисијата: „… посветени на миротворството и уривањето на стереотипите преку објавување на убавините и достоинствата на различните култури насекаде низ светот.“
Заеднички многу дефиниравме и планиравме, го зајакнавме остатокот на Сојузот и ја развивме идејата, бизнисот, движењето и веб страницата интензивно од Јули 2009 до Август 2010. Џим продолжи да го лансира Интернационалниот Мировен Катализатор (Peace Catalyst International). Ние не би го развиле тоа да не беше Сојузот како модел и целосните поддржувачи кои ги вклучија и нивните мрежи.
GV: Влијанието на сликите стана појасно со текот на историјата, од сликите на Магнум Че и Хемингвеј до сликите од војните во Босна, Ирак, Авганистан, Гвантанамо Заливот, Кина и се до војната во Виетнам и Втората Светска Војна. Зошто е токму тоа кое луѓето го забележуваат и ги запомнуваат негативните слики? Како можеме да помогнеме позитивните слики да имаат поголемо влијание?
M.M.: Ние ги забележуваме негативните слики можеби поради тоа што тие не шокираат. Со визуелниот медиум, маркетинг и сите наши одговорности кои се натпреваруваат за нашето внимание, ние забележуваме невообичаени нешта. Секако сликите со војна или слики со омраза и „разлика“ го имаат токму овој ефект. Како и да е, некои позитивни, културни слики исто така може да не шокираат, но со тоа што ние би не воодушевиле.
Покрај шок-факторот, сметам дека ние помниме слики базирани на тоа колку длабински допираат во нас со нивните приказни што ги покажуваат, позитивно или негативно. Понекогаш тоа е повеќе од шок. Ние сме навистина повредени, вознемирени или пак инспирирани од нив. Кога гледам портрет од Нелсон Мендела, јас чуствувам надеж и разрешување. Знам каква приказна стои зад тоа.
Како и да е, позитивните слики најчесто го доловуваат вообичаеното и се помалку забележливи. Во контекст на приказната стави слики од секојдневието и тие може да станат позначајни и истовремено помливи. Многу одлични слики во себе содржат доволно, целосна приказна, но многу слики и не содржат. Често пати е потребно серија од слики. Или пак некогаш текст или звук да ги придружува.
Милијарда слики од секојдневието ја содржат моќта да влијаат, но приказните не се кажани или пак тие не се покажани во контекст или средина каде на гледачите им е кажано да ги надбљудуваат со повеќе значење. Во ИСВМ, секој визуелен комуникатор работи на тоа да покаже приказна за надеж, за заедничка хуманост, за нови перспективи кои ги уништуваат штетните стереотипи. Понекогаш е потребна само една слика.
Сојузот и ИСВМ основачите имаат намера да ги соберат повеќето мали приказни и да ги претворат во еден голем мета – наратив. Целата визуелна содржина на ИСВМ е обемна, со цел да им се направи на гледачите да го искусат „намалувањето на социјалната оддалеченост“. Без разлика дали искусената оддалеченост е културна, национална, религиозна или општествена, нејзиното намалување помага во спречувањето на појава на стравови од угнетување, недоразбирање или насилство. Целта не е едноставно да се намалат проблемите туку да се прошири ценењето за хуманост, за секоја личност поединечно на која што сметаме и на нивната внатрешна вредност.
GV: Како луѓето можат да помогнат при развојот на ИСВМ? Дали може секој да стане негов член?
M.M.: Технички секој може да стане бесплатно член на Визуелната Заедница на Миротворци (ВЗМ). Но ние сакаме луѓе кои се сериозни во врска со визуелното миротворство, кои читаат за About делот и Етичкиот кодекс (Ethical code) и кои разбираат што сакаме ние да постигнеме заеднички. Ние ги сакаме оние кои што ќе останат вклучени во создавањето на слики и приказни, и оние кои ќе останат активни во блог разговорите и социјалните медиуми. ИСВМ е отворен за сите луѓе со различни верувања и позадини, за професионалните и за новите фотографи.
Јас би го охрабрил секој кој што го чита ова да се потпише на Повелбата за визуелен мир и да ги поканат останатите преку испраќање на покани преку е-маил. Потоа да го објават на Фејсбук и Твитер! Следи го @igvp и стани фан на ИСВМ (become a fan of IGVP). Исто така јас сум и на Твитер @visualpeace. Сподели ја љубовта!
Ние ја дизајниравме веб страницата како платформа за секој фотограф да си го одржува својот профил на Миротворец, да ги поттикнеме сите да бидат хумани. Нашето надградено членство бара повеќе во смисла на оперативни трошоци, така што ние плаќаме мали давачки. Ние треба да го зголемиме нашето движење. Јас не гледам речиси никакви граници до каде би можело ова да оди.
Нашиот свет е подготвен сега да го стори тоа. Сите ние се зближуваме низ медиумите, Интернетот, па дури и географски. Време е да го искористиме талентираниот, основен медиум за да ги прославиме нашите заедничко достоинство и аспирации, да додадеме балансиран поглед кон ужасните работи за кои што слушаме постојано. Таму надвор има повеќе добро отколку лошо. Ако си фотограф, провери го нашиот прв пост на блогот и насловната страна за добредојде.
Додека сликите, и добрите и лошите, шокантните и драгите, ќе продолжат да оставаат долготрајни впечатоци за луѓето и историјата, Марио и Сојузот истакнаа и една друга важна работа: сликите можат да говорат и за илјадници зборови, сепак понекогаш суштински е да црташ слика со зборови, да ја оживееш сликата преку приказната која што стои зад сликата. Нареден пат кога ќе имаш задача да ја исполниш твојата основна човечка потреба за интеракција и комуникација, запомни дека зборовите и сликите ние денес лесно ги споделуваме он -лајн, испрати порака. Нека пораката биде позитивна и шири го мирот преку културните разлики.