Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Русија: Како ме изнасмеа новогодишната елка во Владивосток

Christmas tree on the main square of Vladivostok photo by zeka_vasch

Слика од новогодишната елка на главниот плоштад во Владивосток, слика од зека_ваш (zeka_vasch)

Луѓето од најголемиот пристанишен град, Владивосток, на Пацификот, никогаш не го губат својот смисол за хумор. Инаку, би биле во една доживотна состојба на депресија. Тие се смеат за сè и сешто, од нервозни чекања, застои во сообраќајот и застрашувачко снежни ситуации, па сè до украсувањето на новогодишната елка, а и нови даноци за автомобилите увезени од Јапонија.

Постојат многу причини да бидат тажни, саркастично или цинично, но животот во Владивосток претставува една незапирлива борба со временските услови, климата и/или локалните власти. Овој посебен смисол за хумор е очевиден и на Интернет.

Секоја година, жителите се „борат“ со снегот. Но, оваа зима тоа е поразлично, бидејќи тие мора да се справуваат и со дожд исто така. Улиците и патиштата во зима, вообичаено, се покриени со снег и сè е хаотично, па луѓето немаат друг избор, освен тоа да го сфатат како шега. На пример, пред неколку недели по силен, пороен дожд, целиот град се претвори во едно огромно скијачко лизгалиште, што некои дури скијале по патеката, како блогерот јасинков (yasinkov):).

Минатата година, локални власти во Владивосток потрошија околу 10 милиони рубљи за новогодишна елка, висока 28 метри, која воедно била и најскапата елка во државата. Властите очигледно немале друг и подобар начин за трошење пари. Неколку дена пред Бадник, ова преценето дрво падна од силниот ветар.

Падната новогодишна елка во Владивосток (2009). Слика од зека_ваш, „Лајв Журнал“(zeka_vasch, Livejournal)

Тоа беше навистина импресивна случка, фијаско, што потоа беше немилосрдно исмејувано на Интернет од сајбер-граѓанините, т.е. Ден, кој истакна :

В следующем Новом году купим за 15 лимонов, а то эта какая-то дешевая была, хлипкая. Будет чуточку получше

Следната година, ќе купиме [новогодишна елка] за 15 милиони, бидејќи оваа беше многу евтина и слаба. Таа ќе биде многу подобра!

И додека некои блогери тоа на шега го прифатија, корисничката Маргарита [Margarita] се изјасни:

Бог все видит!!! Сколько инвалидов детей нуждается в денежной поддержке? А эти “властелины” народного добра выкидывают деньги на ветер!!! Чем вы гордитесь??? говоря о стоимости? Что самый богатый город в стране, чтоб за такие деньги украшать площадь??? Лучше бы технику для очистки дорог купили!!! Расточители народных денег!!!

Бог гледа сè! На колку деца- инвалиди им е потребна финансиска помош? А овие „господари“ на парите на луѓето, фрлаат пари за глупости! На што се гордеете?? …зборувајќи за цената на елката? Дали е ова најбогатиот град во државава, па да го украсувате плоштадот за толку пари?? Подобро да купевте некои машини за чистење на улиците! Расипници на јавниот буџет!

Оваа година, новогодишните елки беа исмејувани. Буџетот за дочек на Новата година беше преполовен во спротивност од лани. Меѓутоа, сајбер-граѓаните очекуваа повторно да падне новогодишната елка. 🙂 Фстрелцов (fstrelcov) предложи да се намести зелена бетонска плоча, на која ќе пишува „Новогодишна елка“, наместо вистинско дрво, па така објектот ќе биде стабилен и издржлив на силниот ветер. Локалните власти и дизајнери изгледа не ја зедоа предвид оваа постмодерна идеја и наместо тоа, продолжија да украсуваат традиционални дрва насекаде низ градот.

Новогодишната елка „Морнарица“ стана најозборувана и најпозната елка, поради нејзината форма и големина. Така е наречена, бидејќи претставува светилник. А, жителите повторно се потсмеваат на тоа. Некои активисти сакаа дури да организираат маса луѓе за да стркалаат две огромни, џиновски снежни топки и да ги постават веднаш до елката. 🙂 Но, ова не се случи, поради тоа што неколку сајбер-граѓани нагласија дека нема доволно снег за да се изведе тоа.

"Marine"Christmas tree by zeka_vasch on Livejournal

"Морнарица"Новогодишна елка од зека_ваш за „Лајв Журнал“(zeka_vasch, Livejournal)

Познатиот блогер од Владивосток, зека_ваш(zeka_vasch), продолжи да ја следи состојбата во која се наоѓа новогодишната елка и ги прикажа коментарите на сликите. Луѓето очекуваат да падне или да се скрши елката на плоштадот во центарот и на тој начин да се продолжи традицијата на импресивни случки во Владивосток.

Сакам да ја искажам мојата огромна благодарност до блогерот зека_ваш(zeka_vasch) кој ми дозволи да користам негови слики во овој пост. 🙂

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.