Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Порто Рико: Колективни уметнички дела, пиксел по пиксел

Дизајн Ундодиџитал

Ундодиџитал (UNDOdigital-наречено по нивната омилена опција во компјутерските програми) е формирана од група пријатели кои работат во иста рекламна агенција. Чувството на потреба за создавање на креативна работа надвор од маркетинг индустријата за да се одговори на пошироки теми, како и некои од нивните индивидуални уметници да бидат дигитални уметници, овие (оригинални) дванаесетмина индивидуалци се здружија под ознаката Ундо (Undo) на почетокот на 2006г. До крајот на таа година, тие успешно ја организираа нивната прва претстава како колективни уметници.

По две години UNDOdigital.com [шпански] од обичен каталог на групна работа прерасна во целосно развиен блог кој им овозможува на Ундо корисниците да контактираат со останатите во онлајн заедницата, да ги споделуваат нивните креации, да ги промовираат своите изложби и да им презентираат на своите читатели вести, интервјуа и изработки за сите видови уметности. Рик Липсет (@ricklipsett), еден од основачите на групата и уредник на страната, објасни дека сите членови на Ундодиџитал „се оние кои сакаат јавно признавање на тоа дека уметноста може да биде создадена и со компјутер . Тоа не значи дека компјутерот го создава уметничкото дело, туку секој уметник го прави тоа со негови/нејзини сопствени техники и познавања од областа на програмите/медиумот“. Ние зборувавме со Рик за настанувањето на Ундодиџитал колектив и за нивното искуство како дигитални уметници во Порто Рико.

Global Voices (GV): Како дојдовте до идеа за започнување на Ундодиџитал колективни дигитални уметници и кои беа првите проекти на групата?

Рик Липсет (РЛ): На почетокот на 2006г., ние (дванаесетте основачи на колективот) бевме преокупирани и уморни од создавање на реклами и неможноста да создадеме нешто за себе – нешто на кое што еден клиент не би рекол „НЕ“ на тоа. Еден од нашите членови (Херардо Клокел) имаше уметничка претстава како дел од Ел Коро, друга група на која тој е член, на која некои од нас присуствуваа. Тоа ме натера да подразмислам: Зошто да не ги употребиме нашите способности, кои беа искористени за „злото“ (маркетиншка работа) и да ги искористиме за „доброто“ (уметнички изложби)?

Кога појдов на работа наредниот ден, им го покажав името и логото за колективот. Бев цела ноќ буден поради тоа. Се заљубивме во концептот и оттогаш започнавме со тоа. Се сеќавам, седнавме да ручаме во Венди и дававме идеи за тоа за што би била претставата. Тој ден одлучивме за што ќе бидат нашите први четири изложби.

GV: За кои прашања, теми и наслови до сега колективот се обраќаше преку својата уметност ?

РЛ: Првата претстава беше „Social Critique“ (Социјална критика) за потоа да продолжиме да ја анализираме нашата социјална ситуација низ нештата кои што сме ги направиле (и најверојатно сè уште ги правиме секојдневно). Втората беше „Dreams & Nightmares“ (Соништа и кошмари), идеја која ја имавме пред создавањето на УНДО. Третата, „Author/Artist“, (Автор/Уметник), сочинета од соработки помеѓу писател и уметник, она што ние го правиме во маркетингот секој ден. И на крај,„Addictions“ (Зависности), која што ја предвидовме како можност да направиме еден вид истражување на душата и да ги истражиме своите маани/пороци и на мааните на останатите луѓе, покрај очигледните кои што секојдневно се истакнувани од медиумите .

Исто така имавме 4 различни уметнички претстави на различни теми, се трудиме секогаш да покажеме силно чувство на свесност во нашата социјална ситуација (во Порто Рико) – и сакаме да го смениме тоа.

GV: Што ве натера да го ставите колективот онлајн и како блогот на Ундодиџитал е еден вид на проширување на групата?

РЛ: Јозеф Гарахан, аниматорот во нашата група, предложи да отворам блог и да им дозволам на луѓето да влезат во нашите мали авантури. На почетокот бев скептичен за оваа идеа, но подоцна се предадов – и морам да кажам дека тоа беше една од најдобрите одлуки што сме ги донеле до сега. Тоа ни дозволи да допреме до публиката, што вообичаено би било потешко. Тоа, комбинирано со нашите Twitter, Facebook,YouTube и Buzz профили, создаваат проширена мрежа која ни овозможува да бидеме во контакт со повеќе УНДО фанови. Функционирањето на блогот е помалку или повеќе одраз на нашите средби: ние сме група пријатели кои разговараат поопширно за уметноста. Правиме шеги. Го критикуваме нашето опкружување. Правиме уметнички критики. Повторуваме.

GV: Постои ли силно уметничко присуство во порториканската блогосфера и во социјалната медиумска сфера?

РЛ: Ох да. Постојат многу блогови посветени на уметноста и дури постои уникатна социјална мрежа наречена “Coalición de Artistas de Puerto Rico” [шпански] (Коалиција на уметници од Порто Рико). Исто така, ние не сме дел од таа заедница и морам да ги пофалам, за тоа што тие постигнаа врска помеѓу голем број на уметници од Порто Рико- преку 500 се на се. Но и да ги спомнам и останатите блогови, како што се : Fractal [шпански], Autogiro [шпански], El naufragio de las palabras [шпански], Trance Líquido [шпански] и msa Xperimental Art [шпански].

GV: Дали наидовте на поддршка за онлајн колективните проекти и дали групата добила некакви критики преку блогот?

РЛ: Да, фала му на Господ добивме многу поддршка од луѓето кои не следат онлајн низ годините. Кога имаме претстава, тие не промовираат и редовно коментираат на нашите постови и/или ги ретвитуваат нашите твитови. Во врска со критикувањето, се сеќавам на интервјуто што го направив неодамна со Лиза Ландер. Таа ни посочи неколку работи и беше во право за тоа. Лиза е создавачот на El Status (Статус) што е база на информации на (речиси) секој уметник од Порто Рико. Таа направи одлична работа правејќи каталог за секој уметник поединечно вклучувајќи ги нивните биографии, внатрешни поврзаности итн .

УНДО дигитални уметници на нивната неодамнешна изложба 'Adicciones’

GV: Кажете ни некои од уникатните предизвици со кои што дигиталните уметници се соочуваат при творењето и изложувањето на своите дела?

РЛ: Творбата е секогаш ограничена од познавањето на уметникот во областа на технологијата која што ја употребува. Што повеќе знаат, толку „поелоквентно“ уметничко дело излегува. Друг предизвик е соодветно печатење или „краен резултат“ на работата. Ние мора да бидеме многу внимателни за да не испечатиме на погрешна подлога, или пак, анимација да се емитува на плазма телевизор, а таа анимација е направена за 16 инчен телевизор. Отприлика такви нешта.

GV: Како порторикански уметник, што најмногу те загрижува од моменталната економска, општествена и политичка атмосфера на островот?

РЛ: Атмосферата е многу нестабилна и ужасна (гнила). Токму затоа ние ја користиме неа како инспирација за многуте наши уметнички дела. Луѓето се уморни од сите глупости со кои што политичарите се ОБИДУВААТ да не нахранат. Некои пак слепо им веруваат, но секој ден по некој конечно сфаќа дека нешто не е во ред. Ние сакаме да им помогнеме на оние на кои што треба малку да се подбуцнат за да ја разберат вистината.

Економијата, која како што е моментално, оневозможува основање на галерии и музеи кои би инвестирале во новите таленти. И се додека ние сме сметани за „амбициозни“ ние мора да правиме заобиколувања и да ја презентираме нашата работа на избрани места чии сопственици веруваат во нашите проекти. Многумина не ни обрнуваат внимание. Но, фала му на Господ има неколкумина (важни за нас) што ни обрнуваат внимание.

Дело на УНДО дигиталниот уметник Крлос Пачеко

Дело на УНДО дигиталниот уметник Каво

Дело на УНДО дигиталниот уметник Херардо Клокел

Дело на УНДО дигиталниот уметник Марио Родригез

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.