Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мароко: Штетата од големите поплави

Минатата недела, поројните врнежи низ Мароко предизвикаа големи поплави низ земјата, со што се прекинаа сообраќајот и телекомуникациите, а загинаа најмалку 30 луѓе, вклучувајќи 24 кои исчезнаа откако нивниот автобус беше однесен од надојдените води на реката Боузника, јужно од главниот град, Рабат.

Граѓани – новинари ја проследуваат сцената и ги делат своите приказни за поројните врнежи. На Ју Туб, hamsemmieb прикачи слајдшоу со фотографии од поплавите:

На Твитер, Hisham_G сподели фотографија додека патувал, заедно со вицкаст коментар:

Пат надвор од Ел Џадида

“Arrivé à El Jadida. Selon cet employé communal la route derriere moi est maintenant fermée”

“Пристигнав во Ел Џадида. Според овој комунален работник, патот позади мене сега е затворен.„

Блогерот The Last of the Moroccans, Американец кој живее во Рабат, го опишува дождот од надворешна гледна точка:

И вистина е дека дождот во Мароко е различен од дождот што сум го искусил на друго место, нешто што јас обично го поврзувам со близината на океанот.  Не е важно дали имате чадор или кабаница, како и да е, ќе бидете накиснати. Обично е како вртлози од магла, но во последно време е како вртлози на монсуни. Иако не верувам во познатата мароканска идеја дека е ладно бидејќи врне (тука е 60 С0),  постои една неизбежна влажност. Поради тоа што мароканските куќи се прилично отворени и поплочени и немаат изолација или системи за греење, влагата навлегува секаде, такашто не ви преостанува ништо друго освен да си купите нов чадор и да се завиете под ќебето со едно чајче од нане ако е тоа можно.

View From Fez го забележа следното:

Кралот Мухамед VI објави дека ќе ги плати трошоците за погребите на тие што загинаа во автобусот и  болничките трошоци на преживеаните.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.