· ноември, 2011

Написи за Слики од ноември, 2011

САД: Вистинското и дигиталното обединете се за латиноамериканската литература

  30 ноември 2011

Ла Каса Азул – онлајн книжарница која е раководена од Аурора Анаја – Церда – неодамна објави дека ќе соработува со нова книжарница лоцирана во Вашингтон Хаитс, Њујорк. Ворд Ап (@wordupbooks) има две цели: да ја шири латиноамериканската литература и независните книжарници. Ла Каса Азул не само што беше наградена...

Порторико: Медиумска покриеност за златниот медал во женска кошарка

  28 ноември 2011

Женскиот национален кошаркарски тим од Порторико го освои својот прв медал во Пан Американските игри одржани неодамна во Гвадалахара, Мексико, после победата на Мексико со 85-67 во натпреварот за златен медал. Блогерот и спортски новинар Рафаел Дијаз Торес напиша забележлива статија на блогот „Comentario Deportivo Boricua“ во која тој нуди...

Гватемала: Тројца генерали конечно уапсени и обвинети за геноцид

  18 ноември 2011

Ажурирано (27 октомври, 2011): Во постара верзија на овој напис беше наведено дека двајца генерали, не тројца, се уапсени. Написот беше соодветно корегиран. Судови во Гватемала се подготвени да се соочат со предизвик кој го немале претходно во земјата: гонење за геноцид. После три декади неуспешни напори да се гони...

Грчката финансиска криза и протестите против штедењето: случувањата досега

  17 ноември 2011

Оваа статија е дел од нашето специјално известување за  Eвропа во криза. По година и половина од очајните преговори за спасување и дистрибуирање на траншите  од страна на  Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската Унија, непопустливите и растечки  нeефективни мерки за штедење наметнати од „тројката“ (три) на грчката...

Соединетите Држави: „Окупирај го Вол Стрит“ се засилува

  16 ноември 2011

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа #Окупирај ширум светот. Кога за првпат ја објавивме нашата сторија за „Окупирај го Вол Стрит“, за група која кампуваше кај паркот Зукоти, едвај стигна на насловната страница на некои локални весници. Моментално, со илјадници следбеници кои се приклучија кон целта – вклучувајќи...

Ерменија: Земјотресот во Турција почувствуван во Јереван

Во недела, на 23 октомври 2011 година, земјотресот кој го погоди Ван, град во југоисточна Турција, беше почувствуван во Јереван, главниот град на Ерменија, и други делови на малата Јужнокавкаска земја. Земјотресите не се непознати, оваа земја имеше и сопствена трагедија во 1988 година, но потресот беше посилен од оние...

Обединето Кралство: На 77 години, инспиративен живот

  7 ноември 2011

Џули Кертец е некој кој ги прославува своите 77 години како што го прославува и самиот живот. Пензионирана но многу активна, Џули се дефинира себеси како раскажувач на приказни и фотограф. Таа исто така е и активен блогер, снимател на видеа и само што започнува со стоечка комедија (стенд ап)....