За првпат по 1981 година полицијата на Порторико влезе во главниот комплекс на Универзитетот во Порторико со надзорникот, велејќи дека тие се „овде да ги гарантираат правата на оние кои што сакаат да одат на предавања“. Ова се случи само неколку часа по завршувањето на дводневниот прекин од студентите. Понатаму, се објави дека присуството на полицијата ќе биде неизвесно [шпанскиански].
Професорката и блогерка Ерика Фонтанез Торес од Моќ, простор и амбиент [шпанскиански] ја изрази својата грижа во врска со пристигнувањето на полицијата во комплексот:
Repudiamos y protestamos enfática y totalmente, la ocupación de la Universidad de Puerto Rico por la Policía. ¿Cuánto más hará esta administración para arrebatarnos y destruir nuestra Universidad?. Basta ya.
Онлајн публикацијата 8оградос [шпански] објави комунике од страна на Правниот комитет за акција на студентите, кој ги повикува студентите да не влегуваат во комплексот додека не излезе полицијата:
Hoy, debemos negarnos a entrar al Recinto de Río Piedras, y a todos los demás Recintos del Sistema de la UPR hasta tanto se retire la Policía de Puerto Rico de sus inmediaciones. De lo contrario, habremos condonado la muerte de nuestra Política de No Confrontación y de nuestra autonomía universitaria. No esperemos la muerte de una nueva Antonia Martínez, abatida a tiros por los fuerzas del Estado para defender nuestra Institución.
Антонија Мартинез беше 21-годишна студентка убиена за време на интервенција на специјалниот полициски одред во еден студентски протест во Рио Пиедрас во 1970 година.
И покрај барањата на студентите и професорите, полицијата остана во комплексот. Новинарот Рафаел Ленин Перез [шпански] на Твитер објави :
Reportan estudiantes que están cogiendo clases en RP que policías estatales son la orden en los pasillos cerca de salones
Другите кои се наоѓаат во комплексот изразија фрустрација поради присуството на полицијата. Корисничката на Твитер, Астрид Круз објаснува како се чувствува таа кога се движи во комплексот:
МНОГУ обожавам да се шетам внатре во комплексот имајќи универзитетски чувари + приватна стража + полициски патроли кои го следат секое мое движење. Полициска држава, некој? #ЛучаУПР
Во меѓувреме, собир на професори побара од двете страни да прогласат примирје за доброто на универзитетот. Дигиталната публикација 8оградос[шпански] го објави своето произнесување:
La Universidad de Puerto Rico no puede ser forzada a escoger entre la intransigencia de la administración o la intransigencia de los estudiantes.
Se exhorta al Presidente y a la Junta de Síndicos que retire inmediatamente la Policía de la Universidad y a los estudiantes que pospongan indefinidamente su voto de huelga. Se exhorta, asimismo, al Presidente y a la Junta de Síndicos que se reúnan cuanto antes con los representantes del estudiantado y se inicie de inmediato un proceso de diálogo con la intención expresa de forjar acuerdos basados en el sacrificio mutuo, en la capacidad de cada cual de ceder, de escuchar al otro y de compartir responsabilidades. Lo que está en juego es nada menos que la sobrevivencia de la Universidad.
Студентите од главниот комплекс гласаа на собрание за да се започне со штрајк утре, 14-ти декември, доколку не се елиминира специјалната школарина од 800 долари која треба да започне во јануари. Вчера, илјадници маршираа [шпански] од Законодавниот дом до резиденцијата на Гувернерот во Стариот Сан Хуан (колонискиот сектор на главниот град) во знак на протест против наметнувањето на оваа такса.
Претседателот на Универзитетот во Порторико, Хозе Рамон де ла Торес, најави средба за денеска со претставници на студентскиот совет [шпански]. Преостанува да се види дали луѓето ќе останат со ладни глави се до штрајкот на 14-ти декември.
*Фотографија од полицајци од Рикардо Алкараз од Диалого издадена под Криејтив комонс лиценца Некомерцијално-Наведи извор-Без измени 3.0 .
*Фотографија од протест од Мелиса Ортега од Десде Адентро издадена под Криејтив комонс лиценца Некомерцијално-Наведи извор-Без измени 3.0.
*Ве молиме погледнете го специјалниот пренос на Глобал Војсес од студентскиот штрајк минатиот семестар за повеќе информации.