Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Азербејџан: Oслободен видео блогерот Аднан Хаџизаде

Во една изненадувачка одлука, апелационен суд од Баку, Азербејџан, денес нареди условно ослободување на видео блогерот и младиот активист Аднан Хаџизаде. Најпрво притворен во јули 2009 година заедно со неговиот колега активист Емин Мили, и двајцата беа казнети четири месеци подоцна на две години затвор, за што многумина веруваа дека е политичко мотивирано судење. Дури и значајните повикувања од меѓународната заедница ги остави многу поддржувачи да се помират со судбината.

Притворот и затворањето на Хиџизаде дојде набрзо по воведувањето на ограничувања за странските известувачи, кои работат во поранешната република од Советскиот Сојуз и многу млади активисти од ОЛ! движење на младите во Азербејџан станаа поактивни. Заедно со колегата активист Емин Мили, беа прифатени како затвореници на совеста од Амнести Интернашнал (Amnesty International) еден ден откако и двајцата беа осудени.

Секако, кога веста за неговото ослободување исплива на површината, на многу поддржувачи на Хаџизаде, ко-основачот на азербејџанското ОЛ! движење на младите, им олесна. Слики и извештаи за вести се споделија на Фејсбук, додека пак коментари и линкови се споделија на Твитер.

Аднан е СЛОБОДЕН!!! :D#Емин Аднан#Азербејџан

Одобрено предвремено ослободување на Аднан!!!#Емин Аднан#Азербејџан

[…] Комитетот за поддршка на Аднан Хаџизаде и Амин Мили е повеќе од среќен што го објавува ослободувањето на Аднан Хаџизаде!!!

Супееееер… Аднан е слободен!!! Денешната среќа е преголема :)))))

Еден твит дури стигна и до 10те најчитаните твитер пораки кога @leylanajafli прикачи и направи линк до фотографија направена од Хаџизаде од Институтот за слобода и безбедност на известувачите како е веќе пристигнат дома. Нејзиниот коментар искористен како објаснување на сликата подолу беше навистина многу трогателен.

Одразот на слободата! Аднан Хаџизаде е ослободен од затвор 🙂 #ЕминАднан #Азербејџан […]

Сепак, и покрај условите кои го опкружуваат апсењето на Хаџизаде, како и условната природа на неговото ослободување, кога беше прашан од азербејџанската служба на Радио слободна Европа за тоа дали ќе продолжи со блоговите, Хаџизаде одговори многу едноставно и кратко – Да, да секако -, рече тој откако ја напушти судницата. ,,Видео блогирање“.

Судејќи според другите интервјуа дадени од Хаџизаде, како и коментарите од поддржувачите на Фејсбук и Твитер, сега вниманието ќе се насочи кон Мили кој останува во затвор заедно со неколку новинари, меѓу кои и добитникот на наградата за меѓународна слобода на медиумите од 2009, Ејнула Фатулајев.

Резимирана хронологија на настаните кои го опкружуваа затворањето на Аднан Хаџизаде и Емин Мили, како и кампањата за нивното ослободување можат да се видат на Кавказ: Преглед на блоговите 2009 на Глобал Војсис.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.