Написи за Книжевност

Бразил: Со секоја прочитана книга затворениците добиваат намалување на казната на за 4 дена

Промена на бразилското кривично право сега им дозволува на затворениците да ја намалат својата затворска казна со читање и учење. Иницијативата, наречена „Искупување преку учење“ (Remição por tempo de estudo на португалски) или исто позната и како „Искупување преку читање“ (Remição pela Leitura), беше одобрена во јуни 2012 од страна...

Франција: НВО ја осудуваат приватизацијата на содржини од јавен домен

  24 јануари 2013

Седум европски асоцијации за слободна култура објавија соопштение изразувајќи протест против јавно-приватното партнерство помеѓу Француската Национална Библиотека (БНФ) и компанијата за бази на податоци Проквест, чија цел е да дигитализираат голем број дела што се во јавен домен (со истечени авторски права) и да ги приватизираат со право на ексклузивна...

Египет: Безбедносните сили го демолираа историскиот пазар на книги во Александрија

Египќаните се разбудија ова утро со веста за демолирањето на книжарниците на тротоарот долж улицата Пророкот Даниел во Александрија од страна на Министерството за внатрешни работи. Рацијата рано изутрината ја поттикна лутината на граѓаните кон Муслиманското братство за коешто тие тврдат дека води војна против културата. Безбедносните сили ги демолираа...

Русија: Толстоевото наследство „Војна и Мир“ денес

RuNet Echo ја продолжува серијата истражувања на 200 годишнината на победата на Царска Русија над Наполеон со преглед на романо од Лео Толстој, „Војна и Мир“ и неговата улога на интернет во денешно време. Иако делото е издадено во 1869 година, сторијата започнува од јули 1805 година и продолжува низ...

Бугарија: „Јас, Бугарин од Македонија“

Бугарскиот медиум Факел  објави (на бугарски) рецензија на новата книга насловена „Јас, Бугарин од Македонија“. Книгата е опишана како „ужасна, разбивачка, одвратна сторија која не само ја протресува, изненадува и ја буди нашата заспана национална свест туку и ги поместува, стрмоглавува, продлабочува и со тектонска сила ги расцепува сите пластови...

Ерменија: Млад автор се соочува со воена цензура

Хованес Ишкањан, 24-годишен компјутерски програмер и, како многу други, поранешен регрут во ерменската војска, се најде во доста тешка ситуација во поранешната Советска република, откако издаде литературна творба во која детално го опишува животот во државната војска. Покрај тиражот од само 300 примероци, ерменскиот воен обвинител вели дека книгата ја...

Хрватска: 2,8 милиони „неподобни“ книги уништени во деведесеттите

Во студијата „Книгоцид“, Анте Лешаја го документирал процесот на „чистење“ „неподобни“ книги од хрватските училишни и јавни библиотеки од страна на десничарската влада на ХДЗ во деведесеттите. Според интервјуто со проф. Лешаја во Јутарњи лист, „отпишувањето“ според идеолошки и етнички критериуми опфаќало книги „напишани на кирилица, на екавица, книги од...

Соединети Држави: Уште еден напад на имигрантската култура

Одлуката да се елиминира Мексиканско-Американската студиска програма од наставниот план на државните училишта, која што беше имплементирана во Тусон, Аризона  во 1998, предизвика скандал. За многумина, укинувањето на програмата и конфискацијата на голем број книги е жив пример за ултра конзервативната агенда што го загрозува културното и историското пространство на...