Египќаните се разбудија ова утро со веста за демолирањето на книжарниците на тротоарот долж улицата Пророкот Даниел во Александрија од страна на Министерството за внатрешни работи. Рацијата рано изутрината ја поттикна лутината на граѓаните кон Муслиманското братство за коешто тие тврдат дека води војна против културата.
Безбедносните сили ги демолираа киосците и книгите, притоа предизвикувајќи штета на непроценливи збирки на книги и културно богатство.
Др. Шадиа Метвали протестира против рацијата:
غلط الاعتداء علي مكتبات منطقة النبي دانيال وتترك أرصفة اخري عليها شاي وقهوة وكراسي بالية دي مكتبات وفيها ثروة ثقافية #النبي_دانيال
@shadiametwally: Не е во ред да се напаѓаат книжарниците во областа Пророкот Даниел, а оние во другите улички кои имаат чај и кафе и стари столови да останат недопрени. Тоа беа книжарници во кои беше сместено културно богатство.
Шехеразаде е загрижена за студентите кои ќе ги почувствуваат последиците:
@_Schehrazade: Не можам да замислам како кутрите студенти сега ќе најдат средства за своите книги. Навистина, многу злобен чин.
Она што остана од книжарницата на Хамедо на улицата Пророкот Даниел во Александрија по полициската рација. Фотографијата е споделена од Хеба Фарок на Твитер.
Хеба Фароок Махфоуз објаснува:
كشك عم رجب حميدو رغم أنه في ممر خاص ومش ع الشارع، ورغم حصوله ع ترخيص من 34 سنه قامت الداخليه بتدميره #النبي_دانيال http://pic.twitter.com/DRiSLckf
@HebaFarooq: Киоскот на Рајаб Хамедо беше на една приватна уличка, а не на улицата, но и покрај тоа што поседува дозвола во изминативе 34 год., тој беше демолиран од страна на Министерството за внатрешни работи.
Таа ја сподели оваа фотографија, десно, од чинот на демолирањето.
Валед пишува на Твитер:
#النبي_دانيال قطعتوا عيش بائعي كتب بسطاء وحرمتم القراء البسطاء من مصدر سعادتهم، فيه أغبى من كدة؟!؟
@WilloEgy: Вие ги уништивте средствата за егзистенција на едноставни трговци и ги спречивте кутрите луѓе да читаат и да се стремат кон среќа. Има ли нешто поглупаво од ова?
А Ваел Баракат се шегува:
يعني بعد كده بيع الكتب هايبقي زي بيع الخدرات و هانروح نشتري الكتب جوه شرايط الفديو
@Wael_Barakat: Дали ова значи дека продажбата на книги сега ќе биде како продавање дрога и дека ќе одиме да купуваме книги скриени во видео касети?
Додека Ахмед Елсави прашува:
طب والراجل أبو كشك أزرق اللي علي اول الشارع اللي كنت بشتري من عنده ديما,وديما الاقيه بيصلي هدوله هو كمان كشكه؟طيب #النبي_دانيال
@Ahmed_Elsawy: А што е со човекот од плавиот киоск од кого секогаш купував книги? Постојано го наоѓав како се моли. Зошто го демолираа и неговиот киоск?
Многумина отворено го обвинија Муслиманското братство за нападот на книгите, чиј член Мохамед Морси сега е новиот претседател на Египет.
Анас Абделазеем одговара:
تصوير ازالة اكشاك الكتب في #النبي_دانيال باعتباره هجمه اخوانيه ضد الثقافيه سخيف لانه وضع متكرر
@anasabdelazeem: Да се смета демолирањето на книгите на улицата Пророкот Даниел како напад на Муслиманското братство врз културата е смешно бидејќи ова е инцидент кој се повторува.
За повеќе реакции на Твитер, проверете го овој хаштаг.
Ахмед Рок сподели фотографии од последиците од рацијата на својата страница на Фејсбук тука.