Ерменија: Млад автор се соочува со воена цензура

Хованес Ишкањан, 24-годишен компјутерски програмер и, како многу други, поранешен регрут во ерменската војска, се најде во доста тешка ситуација во поранешната Советска република, откако издаде литературна творба во која детално го опишува животот во државната војска.

Покрај тиражот од само 300 примероци, ерменскиот воен обвинител вели дека книгата ја оцрнува армијата, ја навредува религијата, како и мајките. „Денот на демобилизацијата“ беше тргната од полиците во најмалку две книжарници во Ереван, главниот град на Ерменија.

Иронично е тоа што оваа година градот го прославува својот статус како Светски главен град на книгата на УНЕСКО, но тоа не е речиси никаква утеха за Ишкањан, кој се соочува со обвинение според Член 263 од Кривичниот законик на Ерменија за нелегално ширење на порнографски материјали или предмети.

Денот на демобилизацијата

Ако биде прогласен за виновен, Ишкањан ќе треба да плати парична казна или да одлежи казна затвор од 2 до 3 години. Јанијан го коментира случајот:

Ерменската војска страдаше од лоши гласини во последните неколку години, откако вести за смртни случаи во невоени акции  ја преплавија институцијата. Активистите кои редовно протестираат за смртните случаи, ја обвинуваат војската затоа што потфрлила во истрагата и за тоа што ги претставуваат убиствата како самоубиства. Во септември 2010 година, на YouTube беше објавена една аматерска видео снимка, која наводно покажува злоупотреби во ерменската војска и која се најде на насловните страници во земјата и надвор.

Од 16-те измислени приказни во „Денот на демобилизацијата“ три се однесуваат на теми поврзани со војската. Една од нив, со наслов „Воен марш“,  во која се раскажува за 100-тина војници кои маршираат, кои, влечејќи ги своите воени легитимации, започнуваат да ги пренесуваат искуствата од животот во војската, особено ги разлути властите, споредИшкањан.

Блогот Armenian Observer дури наведува зошто треба да ја прочитате книгата.

Ме заинтересира ситуацијата со полицијата, па ја прочитав книгата. Признавам, читав без да уживам во тоа. Книгата содржи премногу насилство и вулгарни зборови за мојот вкус, но тоа е тоа. Не може да очекуваме книга за ерменската војска која ќе содржи нежности и поетски говор – на крајот на краиштата, зборуваме за структура, каде десетици војници умираат секоја година во невоени ситуации, главно поради понижување, насилство и притисок, што ги принудува војниците да извршат самоубиство.

[…]

Јунаците во книгата, млади војници кои загинале или биле осакатени за време на воената служба, раскажуваат застрашувачки приказни за лошиот однос на воените офицери.

[…]

Излишно е да се каже дека сме сведоци на чист случај на цензура, која е целосно неприфатлива.

Unzipped исто така коментираше за ова, привлекувајќи внимание кон петиција за поддршка на младиот автор. „Неверојатно“, напиша блогерот. „Во која ера живееме?! Одлучно да кажеме НЕ на обидите за враќање на Ерменија во мрачната ера на сталинизмот.“

Хованес Ишкањан © Назик Арменакјан, ArmeniaNow

Исто така, постои интервју со Ишкањан од минатата година на Уметниците за уметниците, во кое тој зборува за слободата на изразување и воената култура на Ерменија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.