Хрватска: 2,8 милиони „неподобни“ книги уништени во деведесеттите

Во студијата „Книгоцид“, Анте Лешаја го документирал процесот на „чистење“ „неподобни“ книги од хрватските училишни и јавни библиотеки од страна на десничарската влада на ХДЗ во деведесеттите. Според интервјуто со проф. Лешаја во Јутарњи лист, „отпишувањето“ според идеолошки и етнички критериуми опфаќало книги „напишани на кирилица, на екавица, книги од српски автори и издавачи, книги од ’сомнителни‘ Хрвати и левичари…“ Се проценува дека биле уништени 2,8 милиони книги (13% од книжевниот фонд) и 3000 споменици на антифашистичката борба. Корисници на Фејсбук од Македонија укажуваат дека на сличен начин чистачките фрлаат „застарени“ книги во ѓубре и во другите бившојугословенски држави.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.