Бразил: Со секоја прочитана книга затворениците добиваат намалување на казната на за 4 дена

Промена на бразилското кривично право сега им дозволува на затворениците да ја намалат својата затворска казна со читање и учење. Иницијативата, наречена „Искупување преку учење“ (Remição por tempo de estudo на португалски) или исто позната и како „Искупување преку читање“ (Remição pela Leitura), беше одобрена во јуни 2012 од страна на претседателката Дилма Русеф.

Нов пристап, што се однесува на затворениците и начинот на кој тие плаќаат за своите злосторства, одредува дека секоја книга прочитана од страна на затвореник, а која се однесува на класичната национална литература, наука или филозофија може да ја намали нивната затворска казна до 4 дена или до 48 дена на годишно ниво ако се прочита максимумот од 12 книги годишно.

Исто и затворениците, како што се бара од учениците на училиште, мора да докажат дека ја прочитале и проучиле книгата што ја избрале со пишување на есеи. Сепак, иницијативата може да се чини малку необична имајќи предвид дека многу бразилски затвореници немаат завршено основно образование, а со тоа пишувањето и читањето се ставаат под знак прашалник.

Overcrowded prison in Brazil. Photo by Giuseppe Bizzarri, copyright Demotix (09/03/2003).

Преполн затвор во Бразил. Фото: Џузепе Биѕари, авторски права Demotix (09/03/2003).

Според извештајот „Образованието во бразилските затвори“ (Educação nas Prisões Brasileiras) [pdf], во 2006 година, 8% од затворениците во земјата биле неписмени, а 70% не завршиле основно образование.

Се очекува сите четири федерални затвори да ја воведат програмата како и државните. Но, дали навистина има искупување преку читање?

Универзитетскиот професор Елионалдо Фернандес Жулиo во интервју за веб страната Observatório da Educação вели дека проектот е огромно достигнување. Toj додава [португалски]:

Também é positivo o fato de que, na sociedade, enquanto tem gente que fala sobre o endurecimento da pena, nós temos um grupo que aprova uma lei como essa, que leva em conta que precisamos pensar que esses indivíduos serão reinseridos na sociedade. Embora uns não queiram, um dos objetivos do sistema penitenciário é a reinserção social, está nos princípios da Lei de Execução Penal. Não é só punir, é saber que esse indivíduo voltará para sociedade.

Позитивно е што во општество каде има луѓе кои зборуваат за зајакнување на казните, имаме група која го одобрува овој закон, имајќи предвид дека овие индивидуалци ќе бидат реинтегрирани во општеството. Иако некои не се согласуваат, една од целите на затворскиот систем е социјална реинтеграција. Тоа е начело на законот за кривична постапка. Не е важно само осудувањето туку и сознанието дека индивидуалецот ќе се врати во општеството.

Иницијативата разгори дебата во социјалните медиуми, со коментари за и против. Корисникот Библиотекари со став на блогот Читачи во магла напиша дека верува дека иницијативата има „огромен потенцијал за затворениците низ целиот свет“ и постира цитат од бразилски координатор на проект:

„Луѓето можат да го напуштат затворот просветлени и со зголемена визија за светот“, рече адвокатот од Сао Паоло, Андре Кеди, кој предводи проект за донација на книги за затворите.

Overcrowded prison in Brazil. Photo by Giuseppe Bizzarri, copyright Demotix (09/03/2003).

Преполн затвор во Бразил. Фото: Џузепе Биѕари, авторски права Demotix (09/03/2003).

Блогот Го сакам мојот Киндл сподели неколку предлози со владата:

Книгите треба да бидат со соодветна големина. Има книги, како на пр. Анархистички готвач (кој дава упатства како да се направат бомби и сл.) кои не би требало да бидат на листата.

Ракел Монтеиро ја сподели веста на блогот Letra (D)escrita и е меѓу оние кои ја примија веста со претпазливост. Таа напиша:

Искрено, не знам што да мислам за оваа мерка. Мислам дека сум во шок!

Прекршување на човековите права и затворите во Бразил

Бразилската влада се соочува со силна критика од хуманитарните групи и невладините организации заради прекршување на човековите права во затворскиот систем, кој е во очајна состојба, со што затворениците се изложени на нечовечки услови. Според Nation Master (статистички веб сајт), земјата е петта во светот според бројот на затвореници (308 000), зад САД, Кина, Русија и Индија.

Overcrowded prison system in Brazil. Photo by Giuseppe Bizzarri, copyright Demotix (09/03/2003).

Преполн затвор во Бразил. Фото: Џузепе Биѕари, авторски права Demotix (09/03/2003).

Документарецот Омраза под бразилското сонце, режиран и продуциран од Адел Ривс и Леандро Вилака, ја раскажува приказната на затворскиот систем од различни перспективи заедно со интервјуа на сегашни и поранешни затвореници, нивните семејства, затворски чувари, полициски службеници, директори на затвори, групи за човекови права итн.

За разлика од желбата да се направи затвореникот подобра личност која изгледа како идеал, рехабилитацијата е тешко да се постигне. Краткиот документарец Barreras, продуциран од Iemanjá Cinematográfica, собира пари преку т.н. платформа финансирана од луѓето со цел да направи долгометражен документарец за важноста на воведувањето на музиката и културата во затворите и ги прикажува  достигнувањата на проектот во затворите и полициските станици во Рио де Жанеиро во периодот меѓу 2006 и 2011 година:

Овој проект помина низ затворите, воведувајќи ја музиката во нив. Одговорот на затворениците беше толку добар што доведе до многу други проекти и врски што резултираше со преку 200 прикажувања на филмови во затворите, 20 шоуа, 14 библиотеки и многу други активности.

Слично на контроверзната помош за семејствата на затворениците, за која известуваше Глобал Војсис во септември 2011, која е наменета како финансиска поддршка за семејствата на затворениците, оваа нова иницијатива е дел од владиниот напор правилно да одговори на овој проблем.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.