Русија: Толстоевото наследство „Војна и Мир“ денес

RuNet Echo ја продолжува серијата истражувања на 200 годишнината на победата на Царска Русија над Наполеон со преглед на романо од Лео Толстој, „Војна и Мир“ и неговата улога на интернет во денешно време. Иако делото е издадено во 1869 година, сторијата започнува од јули 1805 година и продолжува низ француската инвазија се до 1812 година, битката кај Бородина и опсадата врз Москва, се до повлекувањето на Франција и обновата на Русија.

Неодамнешно истражување на над 100 признаени англиски и американски писатели покажа дека делото „Војна и Мир“ е едно од најголемите дела во последните два века. Рускиот блогер рај-јаболка со воодушевување ги објави овие резултати во напис под името „Ана Карењина победи“!

Овие дела беа наведени како најдобри во текот на деветнаесетиот век:

„Ана Карењина“ од Толстој, „Мадам Бовари“ од Густав Флоберт, „Војна и Мир“ од Толстој, „Авантурите на Хаклбери Фин“ од Марк Твен, кратките приказни на Антон Чехов, „Middlemarch“ од Џорџ Елиот, „Моби Дик“ од Херман Велмил, „Големите очекувања“ од Чарлс Дикенс; „Злосторство и Казна“ од Достоевски, и „Ема“ од Џејн Остин.

Дополнително, TheRussianAmerica.com направи преглед на авторите кои американските и англиските судии ги имаат избрано како најдобри писатели на сите времиња. И повторно, Толстој на врвот, а позади него доаѓаат Вилијам Шекспир, Џејм Џојс, Владимир Набуков и Фјодор Достоевски.

Портрет од Крамској, Лео Толстој (1873)

На RuNet денес се водеа бројни расправи околу „Војна и Мир“ на Толстој и неговиот книжевен стил, и често се обраќа внимание на различни теми во врска со преводот на насловот, ширината и длабочината на делото и користењето на францускиот јазик од страна на Толстој.

Превод на насловот

Насловот „Војна и Мир“ на руски е напишан „Вoйнá и мир“ (Voina i mir). „Voina“ е руски збор за „војна“. Во контекст на новелата напишана од Толстој, „mir“ вообичаено е преведен како „мир“, иако алтернативниот превод на „mir“ во неколку контексти го означува „светот“.

Неодамна двајца корисници на RuNet на Твитер дебатираа дали општо преведениот наслов на делото е „Војна и Мир“ како што мислел Толстој или пак „Војната и светот“.

Евгениј:

Вчера узнал, что слово “мир” в “Война и мир” Толстого имеет значение “сообщество”, а не “перемирие”.

Вчера сфатив дека зборот „mir“ во Толстоевата „Voina i mir“ значи „свет“, не „мир“.

Сергеј:

А я не согласен. Я считаю, что он сравнивал их. Ведь у него через том описывается то война, то мир (перемирие).

Јас не се согласувам. Според мене мислам дека тој контрастира [војна и мир]. Зошто тој пишува за војната и за мирот во книгата.

Евгениј:

Влияние войны на общество.

[Толстој пишува за] влијанието на војната врз светот.

Сергеј:

Ты так говоришь, как-будто сам Толстой встал из гроба и тебе об этом рассказал 🙂 Это же не математика!

Зборуваш како Толстој да има станато од гроб и се ти има објаснето тебе. 🙂 Ова не може да се објасни како математика!

Евгениј:

Добавь к моему мессаджу “мне кажется”))

Добро, додај п.с дека тоа е според мое лично мислење. 🙂

Ширината и длабочината на делото

Едно од најпознатите и најдолги дела напишано дали на кирилица или на латиница , делото „Војна и Мир“ е поделено во четири тома или дела. Делото е единствено по деталната и реалистична расправа за развивањето на војната. Толстој ги комбинирал своите искуства од војната во Крим со разговорот направен со преживеаните после француската инвазија за да напише дело кое би потсетувало на Тукидисовото дело „Историјата за Персиските војни“.

На Твитер, корисниците на RuNet често се фокусираат на магнитудата на делото во смисла на големината и длабочината, често повикувајќи се на други руски автори како што се Пушкин, Достоевски и Булгаков.

Лира:

Школьники, которым предстоит прочитать 4 тома «Войны и мира» очень жалеют, что на дуэли убили не Толстого, а Пушкина!

Учениците, кои ќе мора да ги прочитаат сите четири тома од делото „Војна и Мир“, жалат што Пушкин умрел [прерано] во дуелот, наместо Толстој!

Руслан Томатов:

Читал войну и мир, только позже, когда проникся мировоззрением толстого. у булгакова до сих пор люблю только записки юного врача

Ја читав „Војна и Мир“ подоцна кога можев да го ценам погледот на Тостој кон светот. Досега единствено нешто што ми се има допаднато од Булгаков се „Белешките на младиот доктор“.

Толстоевата употреба на францускиот јазик во романот

Кога војската на Наполеон ја нападнала Русија во 1812 година, францускиот јазик веќе бил дел од руската буржоазија. Толстој го нагласил односот на елитата кон овој странски јазик со тоа што некои делови од „Војна и Мир“, вклучувајќи го и воведот, биле напишани на француски јазик.

Коментирајќи го постот од април 2012 година, рускиот блогер од LiveJournal, dohlik_nemruchi, дискутира за употребата на странскиот јазик и создавање уметност од самиот, споредувајќи го романот со наградениот филм „Фауст“ во 2011 од рускиот режисер Александар Сокуров, кој е сниман на германски јазик. Корисникот LJ r menelik3 ги потсетува читателите дека некои делови од Толстоевиот „Војна и Мир“ биле напишани на француски, додека пак режисерот го употребувал германскиот за да предизвика полемика. dohlik_nemruchi одговара дека користењето на францускиот во делото од страна на Толстој е како средство за покажување на прогресија во делото – „Војна и Мир“ иницијално на руски и франсуски, со избледување на вториот како што се развива дејстовото и се зголемуваат антифранцуските чувства.

Некои руски блогери одлучија да не го анализираат литературниот стил на Толстој, туку на своите блогови да објават важни и големи реченици од „Војна и Мир“.

**Неодолива девојка**:

Обратите все ваше внимание на самого себя, наложите цепи на свои чувства и ищите блаженства не в страстях, а в своем сердце. источник блаженства не вне, а внутри нас…

Обрнете го целото внимание на себе си, воздржете ги своите чувства, и побарајте блаженство не во страстите, туку во сопственото срце. Изворот на блаженството не е од надвор, туку од нашата внатрешност…

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.