Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Македонија: Фокус на поетскиот фестивал со децениска традиција

Португалскиот режисер Андре Соарес објави краток документарен филм (на англиски) за Струшките вечери на поезијата, меѓународен поетски фестивал кој веќе половина век, од 1962 година, се одржува секоја година во Струга, Македонија (официјален сајт).

Во филмот се поместени изјави од поетите Владимир Мартиновски од Македонија, прогонетиот Кинез Беи Линг, Рати Саксена од Индија, Кори Маркс од СА, Сиим Кера од Естонија, Мимоза Сали од Албанија… кои зборуваат за ситуацијата со поезијата во светот и читаат нивни дела на своите јазици.

Додека објаснува како бил присилен да одбира меѓу затвор и прогонство поради несогласици со режимот, Беи Линг вели дека неговата земја не е веќе Кина, туку кинескиот јазик. Интересно, еден од најпознатите цитати на реномираниот македонски поет и лингвист Блаже Конески (1921-1993), врежан и на неговиот неодамна подигнат споменик е „јазикот е нашата татковина“.

Фестивалот е еден од клучните елементи на официјалната култура во земјата, поддржана од државниот апарат. На отворањето обично се присутни врвни политичари, како министерката за култура, премиерот и/или претседателот. Како таков, фестивалот се нема покажано погоден за промовирање на македонските дисидентски мислења, како што блогерот, активист и поет Внукот посведочи во еден критички пост за 2009 година. Сепак, во 2011 година тој се вратил на фестивалот со цел да ја прочите неговата  песна „The Murder“ посветена на убиството на Мартин Нешковски, кое ги предизвика спонтаните протести против полициска бруталност (анг.).

Низ годините, македонските блогери го имаат споменувано фестивалот преку цитирање на податоците од Википедија и започнувајќи дискусии за домашни поети како Конески, Матеја Матевски или Јован Котески (1932-2001), кој учествувал во 1964 и 1981 и 1982 година, или преку објавување на македонски преводи на дела од странски учесници, како Јапонецот  Шунтаро Таникава, Французинот Пјер Беарн и Русинот Вадим Фјодорович Терехин.

Новинарот Васко Марковски го има искористено неговиот блог да објави репортажа за Паркот на поезијата во Струга, во кој растат дрвја посадени од светски познати поети – лауреати на наградата на фестивалот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.