мај, 2008

Написи од мај, 2008

Кувајт: Тага за шеикот Саад

Поранешниот кувајтски владетел шеикот Саад Ал Абдула Ал Сабах почина денес после долго боледување, на 78 години. Кувајтската онлајн заедница беше трогната од веста и илјадници пораки за сочувство се појавија на блоговите, на арапски и англиски јазик. Државата прогласи тридневна жалост – но парламентарните избори, закажани за сабота, ќе...

Кина: Предвидувања на земјотресот

  14 мај 2008

Многу луѓе се прашуваат зошто немаше никакво предвидување за земјотресот во Сечуан. Лиу Хао ја критикува локалната влада бидејќи ги игнорирала разните знаци за земјотрес кои биле изнесувани од локалните жители [zh]. Ли Ши Хуи напиша на својот блог дека точно предвидување од експертите од кинеската администрација за земјотреси било...

Венецуела: Дела од издавачка куќа достапни на интернет

Има добри вести за они кои го изучуваат шпанскиот јазик и фановите на литературата на шпански. Благодарение на иницијатива од венецуелското министерство за култура, книжевни дела од издавачката куќа Ајакучо Лајбрари [es] сега се достапни бесплатно онлајн. Веќе неколку месеци, блогерите и други книжевни ентузијасти имаат можност да пристапат и...

Денот Пангеа: Светски настан

Денот Пангеа беше организиран во саботата и луѓе од различни краишта на светот се собраа да гледаат филмови и да бидат дел од светскиот настан на кој филмовите, говорниците и музиката ни покажаа нешто повеќе од животот на другата страна од земјината топка, обединувајќи луѓе од сите области на животот...

Кина: Во поголемиот дел од Кина почувствуван земјотрес од 7.8 степени

  12 мај 2008

Пред околу 12 часа, земјотрес од 7.8 степени според Рихтеровата скала ја погоди југозападна Кина, со потреси почувствувани надалеку дури до Пекинг и Хонгконг. Данвеи веќе состави неколку новости од различни извори, како Шангаист, со информации од кориснички видеа од веб сајтот на кинескиот видео порталот Сечуан, каде веднаш се...

Музички инструменти од целиот свет

Тара Калапун – Почеток на музика На интернет се шири информација за труба направена од пиперка и краставица од јапонски креатор на инструменти, па затоа ќе ви претставам и други интересни инструменти од различни места од светот. ЈуТјуб корисникот 13стрингс (профилот е моментално затворен) отворено ги повика сите да ги...

Русија: Некаков Марш

Руската опозиција требаше да одржи протестен собир на 6 мај во Москва, на вечерта на инаугурацијата на Дмитри Медведев кој ќе го замени Владимир Путин на претседателското место, но градските службеници не го дозволија тоа – па водачите на опозициската коалиција, Другата Русија, на крајот го откажаа Маршот на дисидентите...