Русија: Некаков Марш

Руската опозиција требаше да одржи протестен собир на 6 мај во Москва, на вечерта на инаугурацијата на Дмитри Медведев кој ќе го замени Владимир Путин на претседателското место, но градските службеници не го дозволија тоа – па водачите на опозициската коалиција, Другата Русија, на крајот го откажаа Маршот на дисидентите во последен момент. Полицијата и онака задржа голем број од протестантите.

Корисникот на ЛајвЏурнал, другој – кој е врвен руски блогер, објави слики и опис на овој „некаков марш“ (на руски):

Вечерва, до споменикот на Грибоедов на Кристи Пруди, 4.625 новинари и 8.416 полицајци ги чекаа учесниците во Маршот на дисидентите, кои сепак се појавија од спротивната страна.

Мала група од 15-20 лица се собраа на Покровка и се движеа по Чистие Пруди кон подземната метро-станица, придружувани од неколку фотографи и камермани.

Полицијата ја забележа групата од далеку и ја запре блиску споменикот на еден Казакстански фолк пејач. Само што слушнав „гррр… самоконтрола и смиреност… грхм-хм-гр…“ звуци кои доаѓаа од радиостаницата на еден полицаец, опозициските протестанти кои одеа надолу по патот беа нападнати од сите страни.

Корисник на ЛајвЏурнал козенко објави епитаф (на руски) за Другата Русија:ж

Немаше Марш на дисиденти. Лидерите исчезнаа, а активистите предизвикаа неколку кратки немири во градот.

Ви честитаме на вашиот неуспех, Друга Русијо. Минатата година беше забавно, па дури и интересно со Вас. На почетокот дури се чинеше дека има иднина за вас, но на крајот сето тоа се покажа– ќе ми простите – досадно и срамно.
Амин.

Еве една размена од делот за коментари на овој напис:

марченк:

Овој напис изгледа како да го пишувал некој навреден и разочаран човек кој купил билет за претставата, но актерите избегале со неговите пари. 🙂

козенко:

Овој напис изгледа како да го пишувал некој навреден и разочаран човек.
Многу разочаран, бидејќи ниеден од политичарите во неговата земја не ги застапува неговите интереси. […]

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.