Кувајт: Тага за шеикот Саад

Поранешниот кувајтски владетел шеикот Саад Ал Абдула Ал Сабах почина денес после долго боледување, на 78 години. Кувајтската онлајн заедница беше трогната од веста и илјадници пораки за сочувство се појавија на блоговите, на арапски и англиски јазик. Државата прогласи тридневна жалост – но парламентарните избори, закажани за сабота, ќе се одржат според планот.

Саба [Ar] го објави следново:

Повредени сме од загубата на голем човек од Кувајт, кој го жртвуваше својот живот и секогаш ја бранеше својата земја. Тој беше, неговата душа нека почива во мир, главна личност во кувајтската современа историја. Тој беше одличен лидер, со херојски дела кои секој ги знае за време на неговата официјална работа и владеење со нашата драга земја.

Мр Чоколејт [Ar] исто така е обземен од емоции и пишува:

Ти секогаш беше столб на сила за твојот брат, емирот на срцата, шеикот Џабер Ал Ахмад Ал Џабер Ал Сабах, неговата душа нека почива во мир. Ти беше татко на луѓето од Кувајт. Никогаш нема да ги заборавиме твоите напори за ослободување на Кувајт и никогаш нема да заборавиме дека ти беше еден од синовите на таткото на кувајтскиот устав, шеикот Абдула Ал Салем Ал Сабах. Можеби беше владетел само неколку дена, но никогаш нема да го заборавиме твоето страдање со болеста. Нека Алах има милост за сите чесни луѓе од Кувајт.

Ал Тарик [Ar] посакува стрпливост кај луѓето од Кувајт во решавање на оваа несреќа. Тој пишува:

Се молам за негов благослов и простување и нека неговата ужалена фамилија и луѓето од Кувајт имаат трпение во справувањето со оваа несреќа.

5-г8 ја објави следнава фотографија, на која е напишано: Збогум, татко на Фахад, најстариот син на шеикот Саад.

шеикот Саад Ал Абдула Ал Сабах

Блкалфасих [Ar] најави дека изборите ќе се одржат во сабота, 17 мај, додавајќи дека во државата се прогласени три дена жалост – среда, четврток и петок.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.