Тајван: 26 април 2008, обичен и специјален ден

Фотографија од две тајвански деца на пољана

Фотографија од Алхорн

26ти април, 2008 година требаше да биде еден обичен ден. Меѓутоа, овој март, Венвеи спомена за 24 часовна фото-активност одржана во 1992 и Јангфото одлучи да одржи 24 часовен фото-блогерски настан на 26 април:

Фотографиите може да ни помогнат да ја запаметиме нашата историја.
Сликите може да ја откријат нашата виталност.
Кога ја држиш својата камера,
Притисни го копчето за да ги фатиш сите возбудливи моменти од твојот живот.

Како одговор на овој повик:

190 фотографи од насекаде од Тајван ја земаа својата камера и започнаа со фотографирање за фото-блогерскиот настан да добива 24 часа фотографии од Тајван. Овие фотографии и линкови се поставени на овој блог на 5 мај:

00:00-07:00: Луѓе завршуваат со работа од вчера, луѓе се подготвуваат за нов ден и луѓе поддржуваат претходни две групи од луѓе.
07:00-11:00: Луѓе појадуваат, започнуваат со работа и земаат слободен ден.
11:00-15:00: Млади луѓе и мачки се будат и се движат наоколу, луѓе продолжуваат со работа и ги извршуваат обврските.
15:00-17:00: Луѓе продолжуваат да работат, луѓе играат и уште повеќе луѓе играат.
16:54-21:00: Луѓе со своите фамилии, луѓе со своите пријатели, луѓе сами и луѓе со својата храна.
21:00-24:00: Луѓе продолжуваат да работат, луѓе си одат дома и луѓе се обидуваат да стигнат дома.

Јангфото рече:

Од овие фотографии може да видиме кој се приклучи во оваа активност: фотографи кои работат во медиумите, студенти кои блогираат често, наставници и обични луѓе. […] Можеби квалитетот на фотографиите не е еднаков и некои од нив ја откриваат негативната страна на Тајван, но тие прикажуваат дека всушност Тајван е сличен.

Венвеи рече дека ваква активност може

да го направи свесен секој Тајванец дека живее заедно.

Тој исто така се надева дека во иднина може да има

24 часа фотографирање од претпријатијата во Тајван, работниците во Тајван и жените во Тајван.

Исто така постои и видео кое вклучува некои од фотографиите од оваа активност на ЈуТјуб (поставено од охо0625):

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.