· март, 2008

Написи за Латинска Америка од март, 2008

Парагвај: Кандидатите користат блогови за да ги придобијат гласачите

Претседателските избори во Парагвај ќе се одржат на 20 април, 2008 г. Многумина од претседателските кандидати ги користат блоговите како начин за комуникација со потенцијалните гласачи додека ги пренесуваат своите размислувања за одредена тема или додека ја претставуваат програмата што ќе ја спроведуваат доколку бидат избрани. Овие блогови се пишуваат и објавуваат во еден од најтиражните весници на Парагвај - Дијарио АБЦ.

28 март 2008

Колумбија: Натпревар создава мултимедијални граѓани новинари

Натпревар во Колумбија отворен за секој, без разлика на националноста, кој се состои од креирање, пишување и прикажување на содржина со која се запознава светот со особено важни места во Колумбија. Блогерите и видео блогерите веќе поставуваат содржини, а во овој текст се опфатени натписи за регионите Чоко и Антиоквиа

28 март 2008

Куба: Блокирање на блогерите

Сакате да ја натерате кубанската блогосфера да пишува? Забранете го пристапот до популарен блог. Откако кубанските власти оваа недела го направија токму тоа на неколку неподдржувачки блогови, наклонети на Хавана,...

26 март 2008

Аргентина: Веб претприемачи во „Долината Палермо“

Твитер беше една од најозборуваните алатки во 2007 и со негово користење се создаваа заедници околу кратките пораки или микроблогирањето. Многумина брзо ја увидоа неговата корисност или неговиот “модерен” статус. И покрај сево ова, Твитер и понатаму се користи од се повеќе корисници и со илјадници пораки на ден. Во една таква заедница, се родила идејата за креирање на мрежа од аргентински веб претприемачи. Сантиаго Сири коментира дека би било интересно да се соберат сите заедно, бидејќи многу веб 2.0 иницијативи во Аргентина најчесто се случуваат надвор од Палермо, еден од најтрадиционалните квартови на Буенос Аирес.

25 март 2008

Женскиот свет поседува половина од небото: Микс на поезија

За прославата за интернационалниот ден на жената, стипендист на Рајзинг Војсис и основач на Нари Џибон (Nari Jibon), Катрин Вард (Kathryn Ward), дојде до идеја за организирање на пријателско натпреварување...

9 март 2008

Тоталното затемнување на месечината ги инспирира видео-блогерите

Видеа од различни земји го прикажуваат тоталното затемнување на месечината, во случај да сте го испуштиле или би сакале повторно да го доживеете тој момент. Единственото тотално затемнување на месечината...

1 март 2008