Написи од април, 2010
Јапонија: Спорните китови
Само неколку дена откако документарниот филм „Залив“ беше награден со Оскар, свртувајќи го вниманието на јавноста и медиумските гласила низ целиот свет на проблемот со нелегалниот лов на китови, Питер Бетјун, водачот на групата против ловот на китови Си Шеперд кој беше уапсен во Токио [англиски], повторно го активираше спорот...
Пакистан: Расте злоупотребата на деца
Во Пакистан има вознемирувачки пораст на случаите со злоупотреба на деца. Според локалниот референт на УНИЦЕФ Шамшад Кјуреши, причината лежи во недостатокот од спроведување на законите, неодговорноста на родителите и отсуството на свест меѓу децата и општеството. Тој исто така рече дека главниот фактор кој ја предизвикува педофилијата во Пакистан...
Кина: Обединети новинари бараат оставка од гувернер
Инцидентот во кој гувернерот на провинцијата Хубеј, Ли Хонгѕонг насилно го одзеде снимачот на една новинарка и одбивањето на јавното барање за негово извинување, ги обедини академците и медиумските работници кои започнаа петиција во која се бара оставката на гувернерот. Исто така: новинарски претставници и новинарски привилегии.