Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Пакистан: Расте злоупотребата на деца

Во Пакистан има вознемирувачки пораст на случаите со злоупотреба на деца. Според локалниот референт на УНИЦЕФ Шамшад Кјуреши, причината лежи во недостатокот од спроведување на законите, неодговорноста на родителите и отсуството на свест меѓу децата и општеството. Тој исто така рече дека главниот фактор кој ја предизвикува педофилијата во Пакистан е лесниот пристап на луѓето до децата, поради немарноста на родителите.

Фахим Хаидер на блогот за надворешна политика на Бангладеш, дискутира за злоупотребата на деца и за децата работници во Пакистан и Бангладеш. Тој не се обидува да ублажи, туку да ни покаже уште еден начин на злоупотреба на деца:

Неспособни да ги прехранат своите семејства, очајните родители ги носат своите деца во богати куќи да работат како слуги, куќни помошници или дадилки (најчесто се вработени како чувачи на деца, во овие семејства). Потоа овие деца се единствено заштитувани од страна на нивните работодавци, кои често ги третираат како нивна лична сопственост. Тие се далеку од очите на нивните биолошки родители, можеби стотици милји оддалечени, несвесни дека нивните деца се изгорени од каприците и незгодните карактери на нивните непристојни и нељубезни стопани.

Правдата е ставена настрана од овие деца. Тие се остатоци од нерешената сиромаштија и препакувани поклони во умоболните околности. Можноста да работат не им е од полза; резултатите остануваат незабележани, а крајот неизвесен. Справедливоста за овие деца е еднаква на невнимателен професор.

Фатима Буто не е само влијателен политички наследник, туку и хуманитарец. Во блог пост на веб-сајтот The Daily Beast, таа не остави простор многу да се каже, насликувајќи непријатна слика за злоупотребата на деца:

Бруталното убиство на 12-годишна слугинка, за кое се верува дека е извршено од страна на нејзиниот моќен работодавач, ја потресе земјата. Но, почнувајќи од корумпираната влада и стигнувајќи до славното убиство на богатата жена, државата секогаш наоѓа начин да излезе на крај со таквите случаи.

Шазиа Масих, ситно, 12-годишно девојче кое личи за неколку години помладо, беше погребано минатата недела на христијанскиот погреб во катедралата на црквата Лахор. Таа беше вработена од богат и влијателен бивш претседател на адвокатската канцеларија во Лахор и за бедни 8 долари месечно ги чистеше тоалетите на својот газда, автомобилите сместени во малограѓанската гаража и нечистотијата која се собира на подот од неговиот дом.

Ова видео на YouTube покажува дека професорка во државно училиште малтретира ученик за да го казни и никој не сторил ништо околу тоа.

Изразот „злоупотреба на деца“ крие многу различни видови на злочини врз малолетници. Тој означува физичка и психичка болка. Кога возрасен човек се обидува да употреби дете како секс играчка, тоа се нарекува злоупотреба врз дете. Кога возрасен човек се обидува да ги намали работничките потреби на тие деца, давајќи им ниска плата, исто така претставува злоупотреба врз дете. Кога дете е искористено како робје и е разменето за парични или непарични средства, тоа е злоупотреба врз дете. Кога возрасна личност присилува дете да се напрега повеќе од што е способно, прескокнувајќи ги сите основни здравствени упатства за деца, исто така е злоупотреба врз дете.

Пакистан е држава која прави малку за заштитата на својот млад свет од многуте хорори поврзани со злоупотребата врз деца, на кои е сѐ повеќе изложен.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.