Јапонија: Спорните китови

Само неколку дена откако документарниот филм „Залив“ беше награден со Оскар, свртувајќи го вниманието на јавноста и медиумските гласила низ целиот свет на проблемот со нелегалниот лов на китови, Питер Бетјун, водачот на групата против ловот на китови Си Шеперд кој беше уапсен во Токио [англиски], повторно го активираше спорот помеѓу Јапонија и Австралија – Нов Зеланд.

Активистот на протестната група е обвинет за престап, бидејќи во текот на февруари, без дозвола, се качи на јапонски брод за ловење на китови во Јужниот океан, во обид да му даде на капетанот граѓански налог за апсење, заради потонувањето на бродот на организацијата Си Шеперд од страна на јапонски китоловци еден месец пред овој настан (како што претходно информира Кевин Рени за Global Voices).

Ади Гил на Flickr од: james975.

Ади Гил на Flickr од: james975.

И покрај тоа што јапонската китоловна програма дозволува лов само за научни цели и поголемиот дел од јапонските граѓани не го сметаат китовото месо за омилен оброк, судирот со бродот на новозеландската организацијата против китоловството, во земјата, имаше предизвикано слабо, но сепак некакво чувство на национализам [јапонски].

Но, „националистичките“ чувства се исто така видливи и во соопштението за апсењето на Питер Бетјун на официјалната веб страница на Си Шеперд.

Јапонскиот китоловен брод Шонан Мару 2, пристигна денес во Токио со првиот новозеландски воен затвореник кој требаше да биде транспортиран во Јапонија како прв политички затвореник после Втората светска војна. Но, Капетанот Бетјун, само што стапна на јапонската почва, го зајакна одново својот статус на народен херој во Нов Зеланд и како меѓународен херој во Австралија, Франција, Британија, САД и во секоја друга земја чии граѓани ги осудуваат континуираниот нелегално ловење на китови на јапонската китоловна флота.

Во Јапонија, некои сметаат дека анти-китоловните активности на Нов Зеланд и Австралија се напад на културата на хранење во нивната земја и се запрашуваат зошто месото од китот е забрането, а говедското и свинското месо не[jaпонски]. Ова го потенцира несогласувањето околу убивањето на спорните интелигентни и неинтелигентни животни.

Во неколку случај јапонските медиумски гласила се повеќе и повеќе полемизираа на оваа тема. Џејмс на Japan Probe постира за спикерот на ТВ шоуто „Банкиша“ на јапонската НТВ кој известуваше за темата на Си Шеперд. Во првиот дел на шоуто вели дека се придава посебно внимание во анализирањето на изворите на финансирање и буџетот на Си Шеперд.

Втората половина на видеото е за тоа која е наредната цел на Си Шеперд: плавата туна која се лови во Медитеранот. Се чини дека многу земји се здружени со цел да се забрани ловењето на овие видови и бидејќи 80% од ловот се продава на јапонскиот пазар, тоа се толкува како уште еден напад на јапонските културни традиции. На репортерите во студиото им се придружи и еден уметнички директор кој се занимава со маркетингот на многу јапонски познати брендови и еден правен научник. Правниот научник укажува на тоа дека Америка убиваше китови за да добие масло. Исто така смета дека американскиот став кон јапонското ловење на китови се наоѓа под влијание на скриеното непријателство кое „белите народи“ го чувствуваат за Јапонците. Уметничкиот директор смета дека Јапонците треба на подобар начин да му го претстават својот случај на светот, бидејќи многу луѓе во другите земји не разбираат зошто Јапонците јадат месо од кит.

На 26/12/2008 Си Шеперд среќава јапонски брод за лов на китови. На Flickr од:guano.

На 26/12/2008 Си Шеперд среќава јапонски брод за лов на китови. На Flickr од guano.

Меѓутоа Masablog не се согласува со оние кои ја користат културата на хранење како контра-аргумент, сметајќи го ова прашање помалку важно.

何となく日本たたきのようにこの問題をとらえていたが、ちょっと違うみたいだなあ。
日本人の反論としてよくあるものに、じゃあアメリカ人は牛を食べるが、それと何が違うんだ?鯨を助けても牛の数が減るだけだ、というものがある。これに対しては、単に鯨は知能が高いからかわいそうだということではなく、殺すのに時間がかかるので人道的に問題があるという議論があるようだ。

Претходно, оваа тема сметав дека има врска со анти-јапонски чувства, но се чини дека во овој случај, не се работи за тоа.
Како контра-аргумент, некои Јапонци се чудат која е разликата меѓу Американците кои јадат говедско [и Јапонците кои јадат месо од кит]. Уште еден контра-аргумент е оној, според кој, дури и ако китовите се заштитени, тоа ќе предизвика зголемување на бројот на говеда. И покрај тоа, вистинската дискусија се чини дека е хуманитарна, ако се земе во предвид фактот дека е потребно повеќе време да се убие еден кит. Прашањето не е дали луѓето се поистоветуваат со китовите заради нивната голема интелектуална способност.

Akki вели дека ги осудува методите кои ги користат приврзаниците на групите за заштита на животните.

私自身は捕鯨については賛成も否定もしませんが
(いまどきの高価な鯨を食べるようなお金もないですし)
彼らのやり方は、どう理由があろうがはなはだ迷惑な行為であり
危険であります。本当にケガ人が出たらどうするつもりなんだろう。

Јас лично, ниту се согласувам, ниту се противам на ловот на китови. (И онака немам толку пари за да си дозволам да јадам месо од кит). Но, нивните методи, без разлика за што се работи, се едноставно непријатни и опасни. Што ќе прават ако некој се повреди?
Прекинете го ловот на китови. На Flickr од: alisonlongrigg

Прекинете го ловот на китови. На Flickr од: alisonlongrigg

Австралискиот блогер Youngmarxist повикува на прецизна ревизија на правилата на Меѓународната комисија за китолов (International Whaling Commission – IWC) која би можела да го регулира китоловот на меѓународно ниво.

Според извештаите кои се појавуваат во медиумските гласила, следуваат промени во амандманите за меѓународниот китолов кои се планирани повторно да ја доведат Јапонија и други нации во кои постои китоловство, под управата на Меѓународната комисија за китолов. Амандманите кои ќе важат, ќе им дозволуваат на нациите кои веќе убиваат китови, да продолжат да убиваат со дозвола на Меѓународната комисија за китолов, под услов да го намалат бројот на уловени китови. Точниот број сè уште не е решен и се разбира дека ќе важи само ако се прифатат и промените во амандманите.[…]
Доколку овој план стави крај на апсурдната дволичност, т.е. китоловот за „научни“ цели, ќе биде подобро. Не постои причина китовите да се третираат различно од било кој друг извор на храна. Бројот на китовите треба да се надгледува правилно, така што да нема да се доведат до работ на исчезнување, но не постои толку добра и морална причина да се привилегираат „правата“ на китовите, што на луѓето ќе им даде за право да ги ловат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.