Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина: Обединети новинари бараат оставка од гувернер

Јавниот гнев постојано расте по инцидентот со гувернерот на кинеската провинција Хубеј, Ли Хонгѕонг [германски] во кој тој ја одзема камерата од рацете на еден новинар меѓу седниците на тековниот Лиангхуи (настан во кој двете најзначајни, кинески организации носат одредена одлука).

Следејќи ги чекорите на премиерот Вен Џиабао кој во својот говор за новата, лунарна година зборуваше за потребата од зголемување на достоинството меѓу луѓето и од минатонеделни барања за поголема граѓанска контрола врз кинеската влада, новинарите, академците и други граѓани на Кина, започнаа петиција во која се бара од Ли Хонгѕонг да поднесе оставка.

По одбивањето на петицијата, се воспостави барање за извинување од страна на гувернерот. Ова барање најдобро се забележува во воведната, осмомартовска (сега хармонична) статија на списанието Каиџинг (Caijing), „Дали гувернерот конечно ќе се извини?“. Софи Бич објави детален извештај во Дигиталното списание на Кина (China Digital Times), на досегашните, бројни аспекти на оваа приказна.

penrecorder

Овој снимач наречен „две сесии“ е отпорен на кражби, грабнувања и гувернери, што го прави идеална алатка за сите новинарки.

Петицијата започна во недела наутро и во неа се содржани повеќе од 200 потписи, како и неколку познати имиња. Бројот на потписи секојдневно расте во темата отворена со помош на сервисот на Google, Buzz, каде еден преведувач на англиски јазик напиша:

Затекнати од срамот кој овој инцидент им го донесе, академската и медиумската мисла полека се обединуваат водени од заедничкиот мотив и интерес во обидот за длабоко осудување на влијанието на случајот со Ли Хонгѕонг и сличните случаи. Без оглед дали вашите медиуми се весниците, телевизијата, списанијата, радиото или микроблоговите, без разлика на тоа дали сте новинар од југ или исток, не се двоумете во одлуката да продолжите со пишување на идните настани за случајот, бидејќи ова е сепак битка за сите наши права.

Се надеваме дека новинарите ќе ја подигнат свеста и јавната загриженост за проблемот, а од друга страна граѓаните се добредојдени да ги дополнат ставовите зад кои стојат со потписот во петицијата. Нашата толеранција ги премина сите можни граници. Луѓето не треба да забораваат дека новинарите сè уште постојат во светот, како и да се потсетат на вистинското значење на зборот новинар, а најбитно, луѓето мора да знаат дека граѓанските права се лични и сè уште припаѓаат на секој човек поединечно. Веќе го видовме гневот на гувернерот, а сега е време тој да го доживее бесот на медиумската професија и просторните размери во кој тој може да се шири.

Пекиншкиот писател, блогер, издавач и корисник на Twitter, Мо Жиху, дава личен осврт за острата реакција против Ли:

12:38 AM Mar 12th 我觉得吧,省长抢笔事件在推特上也不要太追究了,说到底这事情跟新闻自由也没多大关系,不过是地方大员藐视了一哈中央媒体权威,如果两会自由采访,抢笔事件才与自由言论有关吧

Мислам дека корисниците на Twitter кренаа преголема фама околу инцидентот со камерата одземена од гувернерот Ли. Се на се, случајот нема голема поврзаност со слободата на печатот. Станува збор за обид на владино наметнување врз досегашниот медиумски авторитет. Доколку постоеше слобода на печатот во Лиангхуи, тогаш одземањето нечива камера ќе имаше врска во слободата на говор.

12:39 AM Mar 12th 没日人民报的证件,连被抢的资格都没有,所以,这事件提升到新闻自由的高度,我看也不靠谱

Ако секојдневно не носите идентификација, тогаш не сте ни квалификувани да поседувате камера, а не па таа да може да ви биде одземена. Затоа мислам дека е неосновано ваквиот случај да се третира како инцидент во полето на слободата на печатот [прекршок].

1:04 AM Mar 12th 我并没有说不应该关注抢笔事件,我只是强调,这事情跟新闻自由关系不大。通过掩盖当下媒体的权力属性,将这个事件包装成新闻自由事件,在我看来是不成立的

Не велам дека јавноста не треба да биде информирана за инцидентот со снимателот, само мислам дека самиот инцидент нема големо влијание, ни па се однесува на слободата на печатот. Тешко е да се претстави инцидентот како случај каде не се третира влијанието врз слободата на печатот, кога моќта на [одредени] медиуми веќе им дозволува да го третираат како таков.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.