Написи за Црна Гора
Балкан: Онлајн платформа за следење на извештаи од области погодени со рекордните снежни врнежи
Од минатата година, Балканот беше погоден од големи снежни бури, какви што немало повеќе од цела деценија. Даница Радишиќ известува за неколку релевантни иницијативи покренати од онлајн заедницата во регионот, меѓу кои и новата платформа на Ушахиди за следење верифицирани информации за попречувања на сообраќајот, дефекти на електричната мрежа и други клучни информации од регионот.
Македонија: Глорификација на ајварот
На нејзиниот блог на англиски Јована Тозија со љубов пиша за правењето ајвар, традиционална зимска храна во Македонија и неколку други пост-Османлиски земји.
Балкан: Преку половина од популацијата користи интернет
Според скорешен извештај [српски; погледнете ја табелата подолу] има повеќе од 10,5 милиони корисници на интернет на Балканот/во поранешна Југославија, што претставува 51,7% од популацијата во регионот. Наодите [.zip, српски] цитирани од Хјуџ мидиа, во соработка со Марко Томиќ, студент на Факултетот за организациони науки на Универзитетот Белград, покажуваат дека...
Црна Гора: Херојски пречек на ѕвездата од YouTube
Ѕвездата од You Tube Екрем Јевриќ Господа беше пречекан како херој при неговото пристигнување во родната Црна Гора на 11 јули. Неговата слава се зголеми, кога наводно без оглед на неговиот статус на YouTube ѕвезда, тој учествуваше во фотосесија за позната модна марка. На аеродромот во Подгорица, Јевриќ беше поздравен од...
Централна и Источна Европа: Првични реакции по објавувањето на тајни документи од страна на Викиликс
Додека другите региони беа многу по забележителни во собирањето на тајните телеграми од амбасадите на САД кои досега беа објавени од Викиликс, неколку земји од регионот на Централна и Источна Европа допрва се појавуваат. Подолу има мал дел со првични реакции на блогери од регионот. Словенскиот блог „Piran Café” ги...
Македонија: Остатоци од југословенското наследство
Сеад Џигал ги потсети читателите дека по „смртта“ на доменот .yu (српски) во март, терминот „Југославија“ официјално, службено и интернационално остана да живее само на две места: во референцата бивша југословенска република Македонија и Судот за воени злосторства за бивша Југославија, што не личи како некое добро друштво.
Балкан: Сличности помеѓу Фејсбук и Комунистичката партија на Југославија
Дискусија за сличностите помеѓу начинот на кој функционира Фејсбук и Комунистичката партија на Југославија.
Централна и Источна Европа: Слобода на Балканот; Рестрикции за визи
Ари Русила на својот блог AriRusila’s BalkanBlog ги разгледува резултатите за Балканот од истражувањето за слобода во светот на Freedom House, а на AriRusila's BalkanPerspective на Blogactiv.eu пишува за индексот на рестрикции за визи во истражувањето направено од фирмата Henley & Partners, истакнувајќи ги резултатите за земјите од Централна и...
Балкан: Против зборот „Балканизација“
Худин мисли дека е време да се престане со користење на зборот „Балканизација“: „Нормално ние не викаме СССРизација, Чехословакизација, Британска империзација па дури ни Австро-Унгаризација. Не, ние велиме Балканизација и го велиме премногу често“. За овој повик постои и Фејсбук група.
Косово, Јужна Осетија: Резултати од признавањето
Фистфул оф Еурос пишува за интернационалното признавање на Косово наспроти признавањето на Јужна Осетија и објаснува зошто Црна Гора најверојатно ќе го признае Косово во брзо време.