Централна и Источна Европа: Првични реакции по објавувањето на тајни документи од страна на Викиликс

Додека другите региони беа многу по забележителни во собирањето на тајните телеграми од амбасадите на САД кои досега беа објавени од Викиликс, неколку земји од регионот на Централна и Источна Европа допрва се појавуваат.

Подолу има мал дел со првични реакции на блогери од регионот.

Словенскиот блог Piran Café” ги објави победниците” од објавените тајни документи за Балканот:

Хрватска, очигледно.

2.053 од 251.287 тајни документи од американските амбасади кои беа вчера објавени од Викиликс се поврзани со Хрватска, според приказот на документи според земја” на веб-локацијата на Wikileaks. […]

Балканските кандидати” се:

Босна и Херцеговина со 1.419, следена од Србија и Црна Гора со 1.244, Словенија е на далечното четврто место со 947, Македонија  783 и Црна Гора со 503 е последна. […]

Иако се уште не се објавени документи поврзани со Словенија, земјата заедно со пацифичкиот остров Кирибати, е во центарот на вниманието на медиумите поради ослободувањето на затворениците од Гвантанамо:

[…] Материјали доставени до the Guardian”, Der Speigel”, le Monde” и The New York Times” извадени од склучувањето на споменатиот присилен договор кој беше понуден од САД. Повеќето од корисниците напишаа вака:

New York Times” исто така цитираше документи во кои е покажана американската тврдокорна тактика за добивање на согласност од земјите за прифаќање на ослободените затвореници од Гвантанамо. Се вели дека Словенија требало да преземе затвореник ако претседателот сакал да се сретне со Барак Обама и дека на пацифичкиот остров Кирибати биле понудени милиони долари за да преземе група на затвореници од Гвантанамо.

Милан Блажич, портпарол на словенското Министерство за надворешни работи, негираше дека бил склучен таков договор, инсистирајќи дека Словенија не може да прифати затвореници од Гвантанамо поради немањето правна основа и дека Премиерот Борут Пахор се уште има закажано посета на САД за следната година. Сепак, изјавата што ја прочитав не наведуваше дека Пахор ќе се среќава со Обама. […]

Виктор Маркович од Belgraded.com даде краток преглед на документите во кои се споменува Косово, забележал дека на Твитер добил илјадници посети на неговиот натпис во првите неколку часа… изгледа дека сите сакаат да го дознаат валканите тајни. […]

Првиот интересен дел се однесува на косовската влада и нивното незадоволство со соработката на ЕУЛЕКС – Србија, но исто така и незадоволството на дипломатите од српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.

(Францускиот дипломатски советник Жан Давид) Левите истакнал дека мисијата на ЕУЛЕКС се соочува со проблеми со косовската влада и јавност откако потпиша два технички протоколи со Србија. (помошник секретар Филип.Х) Гродон изјави дека Косово ќе треба да ги прифати овие протоколи, но треба јасно да биде нагласено дека овие претставуваат технички договори и немаат влијание на статусот на независност на Косово. Левите исто така го критикува шефот на српската дипломатија Јеремиќ поради недоволната ангажираност за враќање на Србите или учество во косовската влада. Левите истакнува дека Јеремиќ дава големи ветувања” секој пат кога ја посетува Франција, меѓутоа ништо од тоа не реализира. Левите не остварува средби со него повеќе и не го смета модерното лице на Белград” кое тој вели дека е.

Гуистино, естонскиот автор на Itching for Eestimaa со исмевање се жали дека луѓето од Викиликс уште немаат сфатено дека Естонија е центар на универзумот”:

Постојано го проверувам купот на тајни документи од американската амбасада во Талин. Локален демагог познат по сомнителните зделки за недвижен имот!” Богат производител на чоколада може да има врски со организираниот криминал!”

Нема таква среќа. […]

Оваа недела, групата има намера да објави 251.287 тајни документи од американските амбасади од кои 610 се од Естонија. […]

Како посериозна забелешка, Густино го наведе концентрирањето врз САД од страна на Викиликс.

[…] Иако, јас, како сите други сакам да знам за американската политика, би било добро кога Викиликс би обезбедиле повеќе информации за другите земји. Поради пристапот до овие тајни документи, севкупниот интерес, и преовладувањето на англискиот јазик, повеќето од нив се однесуваат на САД. Како Американец морам да признам, тоа не е фер! Една интернационална медиумска организација треба да обезбеди повеќе содржина од тоа. Со други зборови Џулијан,  каде се тајните документи на Русија? Ние во Естонија очекуваме уште.

Роберт Амстердам , адвокат кој е дел од правниот тим кој го претставува Михаил Кодорковски, го напиша следново за рускиот сегмент од тајните документи:

Не е чудно што ФСБ (Федерална служба за безбедност) индиректно се закани дека ќе го убие основачот на Викиликс, Џулијан Асанге. Во првиот бран на тајни документи објавени вчера, можевме да видиме како всушност  американската администрација се чувствува за нивните односи со новите партнери во Русија, нагласувајќи го длабокиот цинизам на скорашната политика на Обама.

И очигледно, ќе има уште откако Викиликс ќе допре до руските архиви. Покрај скоро целосната посветеност на Русија само преку призмата на Иран, врските исто така го откриваат деталното демократско откривање на Русија, што е во потполна спротивност со позитивните претседателските изјави во врска со односот. Владимир Путин е опишан како Алфа куче” на виртуелната мафијашка држава”, додека Дмитри Медведев го игра Робин до Бетменот Путин”. […]

Реакциите на рускиот Твитер се прилично различни.

@sergey_gaber е оптимист (руски):

Патем, Викиликс. Еве, народе, изгледа дојде благословеното време кога никој не се плаши од никој. Прекрасно е.

@kushnir72 е преплашен (руски):

Целата приказна на Викиликс ќе заврши со забрана на интернетот 🙂

@GlazTV изгледа како да нема доволно доверба (руски) во тајните документи – бидејќи Џулијан Асанге – уредник, шеф и портпарол на Викиликс се уште не е замолчен”:

Една работа не ми е јасна, а тоа е како човекот кој ја создал Викиликс и прави навистина сериозни проблеми на Американците е уште жив и на слобода??? Ме тера да помислам на чудни причини…

Последно, @yasviridov го објави натписот, кој на Твитер беше препратен најмалку дваесет пати:

Проклетство! Моите вистински оценки по Математика во петто одделение испливаа на Викиликс. Ако дознае мајка ми, ќе ме убие!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.