Во неговиот вообичаено забавен стил, Сеад Џигал понуди листа на сличности помеѓу Фејсбук и Комунистичката партија на Југославија (КПЈ):
- Facebook – social networking КПЈ – socialist networking
- Ако не си зачленет на Фејсбук, никој си и ништо. Ако не си зачленет во КПЈ, никој си и ништо.
- На Фејсбук сите ти се другари и другарки, иако не ги познаваш пола од нив. Во КПЈ сите ти се другари и другарки, иако не ги познаваш пола од нив.
- На Фејсбук подржуваш акции и разни каузи, а не мораш да мрднеш со малото прсте. Во КПЈ членуваш во милион комисии, одбори и собранија, а не мораш да мрднеш со малото прсте.
- На Фејзбук имаш Фармвил, во КПЈ имаш задруги и аграрна реформа.
- На Фејзбук имаш „Like“, во КПЈ имаш „Живео друг….!!!“ или „Живела другарица…!!!“
- Facebook – често ти ја нарушува приватноста, КПЈ – често ти ја нарушува приватноста.
.аНТИ реагираше преку коментар, користејќи фраза која често му се препишува на Вацлав Хавел:
…Постов ти е полн со клишеа и антикомунистичка пропаганда. Полоши од комунистите се само антикомунистите.
Рецензент се согласи и обидувајќи се да ја докаже неточноста на предрасудите дека работите се смениле со падот на комунизмот, тој забележа:
- медиумите беа партиски, денеска се про-владини или анти-владини, но повторно партиски
- полесно се вработуваш ако си член на партијата. Било СКЈ било СДСМ било ВМРО-ДПМНЕ
Тој додаде и дека пасивната „поддршка“ за каузи е присутна и кај денешните партии, кои исто како и комунистите не поднесуваат несогласување во нивните редови и користат теории на заговор за борба со неистомислениците.
1 коментар