Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Црна Гора: Херојски пречек на ѕвездата од YouTube

Ѕвездата од You Tube Екрем Јевриќ Господа беше пречекан како херој при неговото пристигнување во родната Црна Гора на 11 јули. Неговата слава се зголеми, кога наводно без оглед на неговиот статус на YouTube ѕвезда, тој учествуваше во фотосесија за позната модна марка.

На аеродромот во Подгорица, Јевриќ беше поздравен од локалниот феминизиран пејач Пурашевиќ и „стотици обожаватели и роднини“, а десетици портали за забава и телевизиски станици од Балканот, вклучувајќи ги и оние од Македонија, го прикажаа видеото од настанот, кое што беше достапно и на YouTube.

На видеото, очигледно на барање од новинарка, пејачот и текстописец, којшто со песната за секојдневната макотрпна работа „ги псуе“ жените што работат поради тоа што не можат да се грижат за децата, објаснува: „Жените работат. Сите наши жени работат насекаде низ Сивиот свет,* жените работат,“ и додава дека сепак тој факт нему многу не му пречи.

Сепак, човекот чие видео во моментов е повеќе од 3, 9 милиони пати прегледано на YouTube, се пожали дека тој воопшто не заработил од тоа, бидејќи нема заработка од прегледите на видеото, така што „сѐ е за џабе, сѐ е бесплатно, а можеби во иднина, подоцна ќе направиме нешто во врска со тоа.“

Освен тоа, пред неколку недели, неколку балкански портали ја објавија веста дека Јевриќ се појавува во фотосесија за машка долна облека како кројач. Еден од нив, SerbiaNet, исто така објави [српски] звучно видео со извадок од телефонско интервју [српски]. Според Јевриќ:

Работев за голем и славен милијардер, за позната марка, наречена Dolce & Gabanna. Стоев пред еден паб [во мојот костум], а тој поминуваше и ме праша „Италијанец сте?“ Јас му одговорив „ Извинете, не сум, но сум навистина блиску до Италија.“

Тогаш ми рекоа „Ќе ни дозволите ли да направиме неколку фотографии од вас и да го земеме вашиот телефонски број, па ќе ви се јавиме за десет дена ако ве прифатат.“ Тогаш тие ме прифатија и ми понудија 500 американски долари дневно за да работам за нив. Работев два дена и заработив илјада долари. Ме земаа со автомобил од мојот дом и ме носеа таму, па потоа повторно ме враќаа дома, и така. Тие, исто така, ми кажаа дека можеби повторно ќе ме поканат да работам за нив, па што знам…

Водителот, исто така, се обиде да го испровоцира конзервативниот Јевриќ во врска со отворениот хомосексуален статус на Dolce & Gabanna, но пејачот кој постана модел го игнорираше прашањето.

* Ова веројатно се однесува на јужно-словенскиот идиом „белиот свет“, што значи во странство, далеку, кој се користи во народните приказни.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.