Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Балкан: Преку половина од популацијата користи интернет

Според скорешен извештај [српски; погледнете ја табелата подолу] има повеќе од 10,5 милиони корисници на интернет на Балканот/во поранешна Југославија, што претставува 51,7% од популацијата во регионот.

Наодите [.zip, српски] цитирани од Хјуџ мидиа, во соработка со Марко Томиќ, студент на Факултетот за организациони науки на Универзитетот Белград, покажуваат дека Словенија има највисоко ниво на интернет пенетрација (63,29%), додека Босна и Херцеговина има најмало (51,76% се интернет корисници).

Интересно е дека половина од српската и хрватската популација е на интернет, при што авторите на овие заклучоци сметаат [српски] дека е направено нецелосно истражување на користењето на интернет од страна на Канцеларијата за статистика на Република Србија (РЗС):

…Во однос на интернет корисниците, сметаме дека оценката на РЗС не е целосна и не ги вклучува корисниците на мобилен интернет. […тие] анализираат само определен сет на податоци кои ни даваат информации за одредена тема, но не и за целосната приказна која нè интересира.

Фејсбук е најпопуларната дестинација: преку 70% од интернет корисниците имаат своја корисничка сметка на интернет во Србија, а 63% во Хрватска:

Просечното време поминато на Фејсбук е 25 минути (и за Србија и за Хрватска), а просечниот корисник во Србија ја проверува својата корисничка сметка на Фејсбук 16 пати на ден, додека во Хрватска 13 пати на ден.

[…]

Зголемувањето на бројот на Фејсбук корисници може да биде објаснето со нерезидентните жители на Србија и Хрватска кои ја користат социјалната мрежа додека патуваат.

Онлајн социјалната динамика и активностите на Фејсбук не се разликуваат многу и во останатите балкански земји. Минатата година ги објавивме податоците за младите Срби кои го трошат најголемиот дел од своето време на Фејсбук комуницирајќи со своите пријатели (61%), следејќи ги нивните статуси и бирајќи ја опцијата „Лајк“ (66%), споделувајќи содржини и информации (56%), пишувајќи приватни пораки (47%) и играјќи ири (22.4%).

Институциите за статистика и образование можат да соберат и да ги искористат податоците за релевантните онлајн активности за да детектираат и да се фокусираат на критичните корисници и да ги прилагодат своите регулативи и планови за акција базирајќи се на тие податоци.

Би било интересно да се види старосната дистрибуција помеѓу корисниците и други релевантни демографии, како и анализа на онлајн социјалните интеракции на други интернет сервиси и социјални медиуми.

Скоро било спроведено истражување за користењето на социјалните медиуми од страна на младите, студентите, образовните кадри и научниците во Србија, но е ораничено во однос на тоа што не може да биде земено како примерок за целата популација од Балканот. Секоја земја може да работи на своите национални податоци со цел спроведување на статистички анализи за целиот регион во иднина.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.