· март, 2010

Написи за Видео од март, 2010

Мали: Културното и економско значење на текстилната индустрија

Благодарение на видеата можеме да ја запознаеме и да ја цениме културната вредност на занаетот на боење ткаенини во Мали и силниот економски импулс кој овој сектор го обезбедува на многу луѓе и организации во оваа земја.Женските здруженија,уметниците и туризмот ги користат потенцијалите на оваа традиција.

Виртуелен хор: Технологија, соработка и музика

Композиторот Ерик Витејкр, откако на YouTube виде едно видео на еден млад сопран кој ја пееше својата песна „Sleep”, почна да се запрашува: што ако би можел да најде луѓе, без разлика каде и да се наоѓаат низ светот, кои ќе се снимаат себеси да ги пеат останатите делови од...

Ирански веб сајт за правата на жените доби награда од „Новинарите без граници“

„Новинарите без граници“ и Google го наградија иранскиот веб сајт ние-менуваме со првата „нетизен награда“. Наградата е доделена за борбата на веб сајтот за слободата на изразување.

Иран: Иранците го одбележаа празникот под надзор

Иранците го означија, Чаршанбе Сури (Charshanbeh Soori), празник кој води до персиската нова година, под будното око на полицијата за спречување безредија во вторникот вечерта, откако ајатолахот Али Хаменеи лидерот на Исламската Република ги обесхрабри прославите. Чаршанбе Сури е вовед во Новруз, персиската Нова Година која започнува на 21 март...

Дубаи: Сеќавање на иранскиот блогер Омид Реза Мирсајафи

Околу 40 млади од сите четири страни на светот се собраа во едно кафуле во Дубаи и се присетија на годишнината од смртта на Иранецот Омид Реза Мирсајафи, првиот блогер кој умрел во затвор. Средбата исто така укажа на движењето 18ти март, преку уметноста. Junkie, еден од членовите на тимот...

Полска: Потенцијалните ограничувања на интернет ја поттикнуваат креативноста

На почетокот на февруари, премиерот Доналд Таск се сретна со полските блогери за да дискутираат за предлогот на владата да воведе регистар за забранети веб -сајтови и сервиси. Резултатот беше повлекување од горе споменатиот предлог. Заканата од некакви рестрикции на полскиот интернет доведе до низа креативни реакции во врска со...

Француски муслимани: Од колонизација до државјанство

  19 март 2010

Во време кога Француска Африка ја слави 50 годишнината од својата независност од Франција или Белгија и со татнежот на дебатата за“националидентитетот” како позадина,новата генерација француски креатори на документарци одлучија да се справат самите со себе, како муслимани и француски државјани, што значи да се биде двете во секуларна Франција. Mуслимани од Франција [Фр ] беше пуштен на францускиот канал Франс 5 на 23 фебруари. Во видеото подолу, Карим Mиске’, еден од директорите,најпрвин појаснува како тие ги дефинирале “Француските Муслимани“.

Србија: Белградските дрва – жртви на „Масакр со моторна пила“

На крајот на февруари, започна процесот на сечење на околу 400 платани на најдолгата улица во Белград, булеварот Крал Александар. Дрвата беа засадени на таа улица во 19-от век и патот украсен со дрворед беше една од најстарите и најубави зелени оази во центарот на Белград. Комуналната фирма Градско зеленило,...

Македонија: Денот на жената во блогосферата

  17 март 2010

Меѓународниот ден на жената не е државен празник во Република Македонија, но нашироко се одбележува на лично ниво и на некои работни места. Оваа година низа блогери по тој повод се обидоа да го свртат вниманието на јавноста кон родови прашања, или да упатат честитки до сите жени.

Македонија: Самоиницијативни напори да се зачува народната музика на интернет

Ценењето на народната музика е значаен дел од македонската култура, кој благодарение на несебичните напори на еден посветен блогер се шири и во блогосферата. Како дел од светското културно наследство, македонската изворна народна музика се ужива и користи низ целиот свет, понекогаш и без наведување на изворот (англиски). (Видео: Разновидниот...