Ирански веб сајт за правата на жените доби награда од „Новинарите без граници“

На 12ти март, „Новинарите без граници“ (RSF) и Google ја доделија првата „награда за нетизен (граѓанин на интернет)“, годишна награда за сите кои се борат за слобода на изразување на интернет. Наградата отиде во рацете на онлајн новинарите од иранскиот веб сајт ние менуваме (we-change). Извештајот на „Новинарите без граници“ за „непријателите на интернетот“ излезе во текот на истиот ден.

Парвин Ардалан од ние менуваме ја прифати наградата во париските канцеларии на Google. Иранското здружение на жените е познато по своето движење на отпор. Денес, искуството и методите на ова демократско движење се прикажани и во кибер (сајбер) просторот.

Веб сајтот ние-менуваме е поддржувач на една виртуелна кампања наречена Еден милион потписи – барање за промена во дискриминаторските закони. Оваа кампања се бори против дискриминацијата на жените во иранските закони. Кампањата е следбеничка на мирниот протест со иста цел, одржан на 12ти март, 2006та година, на плоштадот Хафт-е Тир во Техеран.

Во следното видео се објаснети целите и историјата на сајтот ние-менуваме:

Парвин Ардалан ја доби и наградата Олаф Палме во 2007та година, но доби забрана од иранската влада да ја напушти државата и лично да ја подигне наградата. Таа ја сними следната видео порака You Tube:

Во меѓувреме, неколку ирански блогери меѓу кои и Шива Назарахари, жена блогер и активист за човечки права, се затворени по изборите на 12ти јуни.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.