· јуни, 2012

Написи за Видео од јуни, 2012

Видео: Музички видео спотови за помалку од 99 долари

Во индустрија каде трошоците растат правењето и промовирањето видео спот може да стане тешко. Веб-сајтот Музички видео спот за 99 долари им дава шанса на групите и режисерите да заблескаат со креативен спот, снимен за еден ден, обработен за еден ден и кој не чини повеќе од 99 американски долари....

Иран: „Треба ли повторно да гласаме?“

Исламската Република се подготвува за парламентарни (Мајлис) избори во петок, на 2 март, 2012. Ова се првите национални избори по контроверзните претседателски избори во 2009 и последователните масовни демонстрациии. Додека неколку опозициски групи повикаа на бојкотирање на изборите, иранската држава вработува анти-западна пропаганда за да ги привлече граѓаните да гласаат....

Етиопија: Злоупотреба на дете снимена со мобилен телефон

Корисниците на Фејсбук во Етиопија реагираат на телефонска снимка ставена на Јутјуб на кој е прикажано како една мајка постојано го малтретира своето мало девојче. Кратко по објавувањето на видео снимката корисниците на Фејсбук организираа онлајн кампања за правда, со тоа што основаа Фејсбук група наречена „Етиопијци против злоупотреба на...

Руанда: Видео снимки со волонтерски акции

Патувајќи и снимајќи видео записи со нашите искуства е начин тоа да го споделиме со светот. Следуваат неколку видео снимки објавени од корисникот kdarpa на Јутјуб на кои се прикажани групи на волонтери и луѓе со кои тие се среќаваат додека патуваат во Руанда и нивната работа со локалните заедници....

Сенегал и соседните нации ги прославуваат мирните избори

[Сите линкови водат до статии напишани на француски јазик, освен ако не е наведено поинаку] На 25-ти март, 2012 година, во Сенегал се случи историска завршница на тензичниот изборен период. Кога веќе беше извесно дека претрпува тежок пораз од поранешниот премиер и противник, Maки Сал, заменик-претседателот Вејд телефонски му ја честиташе...

Венецуела: Суштината на африканската музика во видео спотови

Африканските корени на Венецуела можат силно да се почувствуваат во музиката и културата на крајбрежните региони во земјата. Традицијата е голема и е изразена во неколку форми. Како таква, со секој удар на венецуелските тапани се чувствува поврзаноста со брегот, со плажата, со сантеријата и нивните прослави и танци. Различните...

Еквадор: „Маршот за живот“ се приближува до Кито

Маршот за живот, без поголеми задоцнувања, се приближува до Кито, главниот град на Еквадор. Во претходниот напис маршот беше блиску до Азогуес, Кањар (каде што учесниците пронајдоа и предадоа прикриен полицаец во маршот) и регионите Жуд. Од таму тие продолжија кон Алауси и Гамоте. Во Гамоте се соединија со друг марш...

Источен Тимор: Инвестирање во креативност и култура

  7 јуни 2012

Источен Тимор е познат по своите материјални, музички и танцови традиции. Славењето на „културата“ беше клучен дел од отпорот против индонезиската окупација од 1975 до 1999, а независноста на Источен Тимор ја одбележаа низа новостанати културни проекти. Но, она што се занемарува е силната култура на  занаетчиство и „создавање“ со...

Малезија: Организација ги застапува човековите права преку видео

  5 јуни 2012

Интервју во EngageMedia ја прикажува КОМАС, организација во Малезија која од 1993 користи видео продукција како алатка за образување и промовирање на човековите права. Ана Хар е директорот на Пусат КОМАС (Pusat Komunikasi Masyarakat) Општински Центар за Комуникации, и ја објаснува улогата  која видеото ја има во нивните далекусежни програми...

Куба: Папата Бенедикт XVI погледна во иднината на Куба

  5 јуни 2012

Пристигнувањето на папата Бенедикт XVI во Сантјаго де Куба, ја смести карипската нација помеѓу трендовските теми на Твитер. Раул Кастро и името на западната провинција беа помеѓу најзастапените теми вчера попладне. По неговото пристигнување, претседателот Раул Кастро одржа поздравен говор за пречек на папата, во кој рече: Cuba lo recibe con...