Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мали: Културното и економско значење на текстилната индустрија

Благодарение на серија видеа можеме да ја запознаеме и да ја цениме културната вредност на занаетот на боење ткаенини во Мали и силниот економски импулс кој овој сектор го обезбедува на многу луѓе и организации во оваа земја. Снимениот материјал прикажува група жени кои тврдат дека ја направиле својата земја важна сила во индустријата на боење ткаенини, уметници кои решиле да го прифатат овој начин на работа преку создавањето на така нaречени Вogolanfini ткаенини или ткаенини обоени со растителни бои,со мешавини од глина или туризмот, што се развил особено благодарение на оваа уметничка форма.

Прво, преку платформата Craft и преку Морин Гослинг, авторка на документарни филмови, започна акцијата за прибирање финансиски средства, кои ќе ѝ го овозможат завршувањето на документарниот филм за бојачките од Бамако (главниот град на Мали). Преку овој трејлер, жените го опишуваат значењето на декоративните ткаенини во Мали и влијанието на оваа активност врз нивните животи:

Уште едно традиционално платно кое се состои од традиционални ткаенини украсени со бои од растително потекло измешани со глина. Во ова видео, Пат во западна Африка, снимено во Сегоу, можеме да видиме како се произведени со глина, од кои ткаенините го добиле своето име:

Ткаенините украсени со овие бои со глинена основа се викаат исто така Вogolanfini; во уште едно видео снимено од хубуф во 2006 година, еден учител им објаснува на група на студенти што е тоа bogolan,од што е направен и што тоа значи за културата на Мали:

Наредната снимка на claudiodumali покажува група посетители, кои ги изучуваат правилните техники на работа, експериментираат со мали парчиња ткаенина, разни бои и глина кои се употребуваат за производство на bogolan во Сегоу:

За оние кои сакаат да дознаат повеќе за bogolan, polbenmali постави документарец во два дела (дел 1 и дел 2[француски]) за Исијака Дембеле, кој го избра bogolan како сопствен уметнички израз. Во видео, Дембеле на француски раскажува за својата работа, но сликите јасно ни ја покажуваат сложеноста и должината на процесот на боење на платното со жолта боја, кое се покрива со глина и се остава да скапува во вода со месеци, за да стане црно, по што жолтите делови се премачкуваат уште еднаш, отстранувајќи ја бојата и премачкувајќи ги останатите делови со различни бои.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.