· март, 2012

Написи за Видео од март, 2012

Светски ден на миење раце: Промена на однесувањето преку песна и танцување

  30 март 2012

Дали знаете како правилно да си ги измиете рацете? Преку песна и танцување, луѓе од различни делови на светот ги учат другите за правилниот начин на миење раце, со цел да промовираат здравје. 15 октомври, 2011 е Светски ден на миење раце, и со слоганот „Чистите раце спасуваат животи“, во...

Мали: Граѓаните се вџашени од ненадејниот воен удар

Побунети војници објавија дека ја преземаат власта во Мали, откако ја зазеле зградата на телевизијата и претседателската палата. Тие велат дека Владата не успеала адекватно да ги поддржи нивните трупи во сè понасилната борба со таурешките бунтовници на северот на земјата.

Мексико: Снимки од земјотресот со интензитет од 7.8 степени почувствуван во Мексико

На 20 март, 2012 година, брегот на Акапулко во Мексико го погоди земјотрес, наводно помеѓу 7.6 и 7.8 степени според Рихтеровата скала. Досега, нема извештаи за штети. Следат некои снимки кои прикажуваат како земјотресот беше почувствуван во различни региони во земјата. Сите аудио подлоги се на шпански јазик. Во Пуебла:...

Русија: Секс, жени, Путин и снимки

Рунет Ехо  14 март 2012

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Избори во Русија 2011/2012. Младите жени, кои минатото лето ги повикуваа истомислениците да ја искинат својата облека за Путин, се чини дека исчезнаа од сцената откако беа на насловните страни неколку недели по ред. Како што се ближи завршницата на изборната...

Филипини: Протестите „Окупирај“ ја надминаа полициската бруталност

  12 март 2012

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за #Окупирај низ целиот свет. Демонстрантите на Филипините се обидоа да го „окупираат“ историскиот мост Мендиола во близина на претседателската палата со поставување на кампирачки протест против кратењата во буџетот и сиромаштијата. Полицијата употреби пендраци и вода од противпожарни возила за насилно...

Свет: Глобален марш против сирискиот диктатор

На 15 март се навршува една година од почетокот на револуцијата во Сирија. Иницијативата наречена „Глобален марш за Сирија“ се стреми да ги поттикне луѓето од целиот свет да излезат на улиците на 15, 16 или 17 март за да ја искажат поддршката за борбата на сирискиот народ.

Мозамбик: Вирално видео од бурата над Мапуто

Овој видео-клип од бурата што доаѓа над градот Мапуто стана вирален на Јутјуб, со над 450.000 гледања за само неколку недели. Статистиката покажува дека најмногу гледања биле од Мозамбик, Јужна Африка, Јапонија и Португалија. Последниве месеци, Мозамбик беше погоден од низа циклони.  

Еден ден на Земјата: Глобално прикажување на светскиот колаборативен филм

Колаборативниот филм Еден ден на Земјата беше целосно снимен на истиот ден, 10 октомври 2010 година, со снимки кои траат повеќе од 3000 часови, испратени од сите страни на светот, прикажувајќи ја прекрасната различност, конфликт, трагедија и победа кои се случуваат во еден ден. Глобалното прикажување ќе се случи на...

Мароко: Затворен студент поради навреда на кралот во видео запис

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Мароко во 2011 година. Во понеделникот, на 13 февруари 2012 година, судот во мароканскиот град Таза го осуди 24-годишниот студент Абделсамад Хајдур на три години затвор и парична казна од 1.200 американски долари, поради критикување на кралот на Мароко...

Обединето Кралство: Лондон гори (видеа)

  1 март 2012

Револтот поради полициското убиство на 29 годишно момче во Тотенхем, северен Лондон, на 4-ти август, 2011 година, дополнет со расна тензија, прерасна во бунт и пљачкосување на младите низ Лондон и други градови во Обединетото Кралство. На Твитер, хаштагот #LondonRiots е постојано ажуриран со нови коментари, линкови, гласини и извештаи...