Соединетите Држави: „Окупирај го Вол Стрит“ се засилува

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа #Окупирај ширум светот.

Кога за првпат ја објавивме нашата сторија за „Окупирај го Вол Стрит“, за група која кампуваше кај паркот Зукоти, едвај стигна на насловната страница на некои локални весници. Моментално, со илјадници следбеници кои се приклучија кон целта – вклучувајќи и лидери на синдикати, интелектуалци како Славој Жижек и луѓе како Мајкл Мур – Окупирај го Вол Стрит го привлече вниманието на националните и меѓународните медиуми, а протестите се проширија низ многу други градови во САД, меѓу кои и Бостон, Хартфорд, Сиетл, Вашингтон и Тампа (за целосната покриеност проверете ја страницата на Окупирај го Вол Стрит)

Ова движење привлече толкаво внимание, што дури стана тема за дискусија меѓу политичарите и медиумските професионалци, меѓу кои и Ерик Aлтерман од Центарот за Американски Прогрес, кој ги разбира „нетрпението и гневот“ на ова движење и ја поддржува онаа „ера на 1%“ дефинирана од страна на добитникот на Нобелова награда за економија Јозеф Стиглиц, алудирајќи на оној 1% кој го поседува поголемиот дел до богатството во САД.

Occupy Wall Street

Стотици илјадници демонстранти се собраа во околните делови на Вол Стрит. Фотографија од david_shankbone на Фликр (CC-BY NC 2.0)

Секако постојат и други кои не го делат ова мислење: републиканскиот кандидат за претседател, Херман Кејн, ја упати својата критика  кон Окупирај го Вол Стрит, тврдејќи дека кризата потекнува од Белата Куќа , а не од Вол Стрит и дека демонстрантите си се сами криви зошто не станале милионери и зошто немаат работа (реченица за расправија меѓу републиканската и неолибералната идеологија.) Како што се очекуваше, неговите коментари беа жестоко критизирани, класифицирајќи ги како „нерационална идеологија“.

Блогери како Роберт В. Снајдер од nj.com, веруваат дека приказната на овој протест заслужува подобар агол на набљудување, бидејќи печатот повеќе се фокусира на судирите помеѓу протестантите и полицијата.

Како што посведочивме во шеесетите, мирен протест беше дефиниран со непропорционално покривање од малцинство на протестанти, кои бараа само проблеми. Како што вообичаено се случува, фотографиите и насловите на весниците беа оние, кои ги донесоа граѓаните во заблуда. Фотографите можат одлично да ги уловат акцијата и гневот, но тие едноставно не можат да ги пренесат оние нијанси, кои најдобро се доловуваат со зборови.

На блогот The Spectacle, Јозеф Лолер ја расчистува разликата помеѓу Окупирај го Вол Стрит и ултраконзервативното движење Чајанка, откако некои шпекулираат дека Чајанка ќе стане политичка група.

Судејќи според фотографиите на активистите од Окупирај го Вол Стрит, ова движење барем засега е поблиску до моделот на протестирање  како „бунтовна младина“, отколку како „граѓанство на кое му е доста од се“ кое повеќе личи на Чајанка. Ќе видиме што ќе се случува понатаму.

Експерти потврдуваат дека претседателот Барак Обама се потрудил да ги канализира гневот и се поголемата сила на движењето Окупирај го Вол Стрит, за да го оправда неговиот нацрт-закон за нови работни места. Џастин Васало од  The Faster Times, пак, верува дека Окупирај го Вол Стрит не ја оправдало сликата на претседателот за да можат и понатаму да ја спровдуваат неговата мисија:

Ако Обама навистина го следи движењето Окупирај го Вол Стрит, мора да сфати дека една страстна и растечка коалиција на Американци веќе се мобилизира без него.

Особено на Твитер, многумина како Unedited Camera (@Uneditedcamera), го искажаа своето мислење со почит кон можните политички мотиви на Окупирајго Вол Стрит:

#occupywallstreet ова движење не е за политичките партии. Се работи за демократизација на нашиот живот.

Крис Спенсер (@Chris_M_Spencer), од друга страна пак, го искритикува движењето на следниов начин:

Дефиниција за плачко: лут си на корпорацијата зашто немаш работа. @OccupyWallSt #OccupyWallStreet #OWS #futility

Слично, curmudgeon (@Curmudgeonisto) мисли дека ова движење си го губи времето:

#OccupyWallstreet протестантите би биле помалку „сиромашни“ ако поливина од оној залуден труд го потрошеа за барање образование/тренинзи/работа #OWS #TCOT

Окупирај го Вол Стрит ЊЈ (@OccupyWallStNYC) одговори на силата употребена од локалните власти:

Најдобриот одговор на нивното насилство е уште повеќе мир. #occupywallstreet #sep17

Џордан Хемонд (@InktViek) ја опишува борбата на Окупирај го Вол Стрит со еден цитат од Ганди:

#occupywallstreet “отпрвин те игнорираат, потоа ти се смеат, па се борат со тебе, потоа победуваш” –Ганди, сега тие се борат со нас

Подолу имаме видео со коментари од некои учесници:

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа #Окупирај ширум светот.
Малата слика го покажуба протестниот знак на Окупирај го Вол Стрит. Слика од Фликер корисникот Caroline Schiff Photography (CC BY-NC-SA 2.0).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.