Гватемала: Тројца генерали конечно уапсени и обвинети за геноцид

Ажурирано (27 октомври, 2011):

Во постара верзија на овој напис беше наведено дека двајца генерали, не тројца, се уапсени. Написот беше соодветно корегиран.

Судови во Гватемала се подготвени да се соочат со предизвик кој го немале претходно во земјата: гонење за геноцид. После три декади неуспешни напори да се гони гватемалската армија, тројца генерали се конечно уапсени, обвинети за извршување геноцид и други воени злосторства против луѓето Маја Иксил во годините од 1982-83 преку масакрирање и спалување на цели села. Дополнителни налози за апсење ќе следуваат.

Поранешниот генерал Хектор Лопез Фуентез беше првиот уапсен во врска со геноцидот во Гватемала. Неговото апсење беше проследено со притворањето на Хозе Маурицио Родригез Санчез, кој сега е во затвор, и Оскар Меџиа Викторес, кој е во болнички притвор додека е евалуиран за да се провери дали неговото здравје ќе дозволи да оди на судење, како што е известено од Мајк на блогот Централноамериканска политика.

Location where the massacres took place in the Triangulo Ixil, Quiche, Guatemala. Image by Renata Avila, dedicated to the public domain.

Локација каде масакрите се случија во Триангуло Ихсил, Куиче, Гватемала. Фотографија на Рената Авила, посветена на јавниот домен.

Според извештајот од 1999 година на Комисијата за историски појаснувања (ЦЕХ за нејзините иницијали на шпански):

Перцепцијата на армијата за мајанските заедниците како природни сојузници на герилците придонесе до зголемување и заострување на прекршувањата на човековите права извршени против нив, демонстрирајќи агресивна расистичка компонента на екстремна суровост која водеше до масовно истребување на беспомошните мајански заедници, вклучувајќи деца, жени и постари лица, со методи чија суровост ја шокираше моралната совест на цивилизираниот свет.

Блогот НИСГУА опишува:

Членовите на војската со налози за апсење формираа дел од Министерството за одбрана во де факто владата на Генералот Ефраин Риос Монт и активно учествуваа во интелектуалното планирање на геноцидот против луѓето Маја Иксил преку планот Викториа 82. Нивните улоги беа клучни во извршувањето на злосторствата против човештвото и геноцидот во тоа време.

Ефраин Риос Монт, поранешен диктатор а сега член на гватемалскиот Конгес, не беше повторно избран и ќе го изгуби неговиот имунитет на 14 јануари, 2012 година, кога завршува неговиот мандат.

Maria Toj, a genocide survivor and advocate for justice.  Image by Renata Avila, dedicated to the public domain.

Мариа Тој, преживеана од геноцидот и борец за правда. Фотографија од Рената Авила, посветена на јавниот домен.

Како што објаснува блогот Нередактиран, веројатно е дека државни владини податоци од списокот на тајни податоци од Гватемала и САД ќе бидат користени како доказ:

Во 2009 година, Националниот безбедносен архив го претстави планот Софија

Еден од главните записи поврзани со планот Софија е телеграма од шефот на персоналот на армијата, Лопез Фуентес до командирот на неговата воздушна бригада на специјални сили со кое наредува лансирање на операцијата Софија во Иксил регионот на Куиче.

Противбунтовниот напад кој резултираше со раселување на стотици жители од мајанскиот народ и непознат број на мртви како што војниците ги уништуваа нивните села, ги спалуваа нивните куќи и го заклаа нивниот добиток. (Видете извадоци од сведочења и повеќе околу шпанските судења овде.)

Девојките Меѓународно право ја анализираат важноста на овој процес за правниот систем на Гватемала:

Гватемалскиот закон дозволува повторени одложувања на криминалните случаи како што временските предизвици се движат низ долги жалбени процеси. Многу од луѓето инволвирани во кампањата за геноцид во 1980тите се уште се на моќни позиции – вклучувајќи го кандидатот за претседател во водство, Ото Перез Молина. Доколку е успешно обвинението ќе биде пробив во борбата против неказнетоста на скала со осудувањето на поранешниот претседател на Перу, Фуџимори.

Додека фамилиите на жртвите, кои одблиску ги следат сослушувањата, аплаудираа на апсењата, некои граѓани силно се противат на гонењето на армијата, расправајќи дека земјата мора да вложи напори во решавање на тековното насилство и дека простувањето и помирувањето треба да бидат цели.

Други споменуваат дека поранешните герилски сили треба исто така да бидат гонети, расправајќи дека амнестијата не треба да ги заштитува од одговорноста и вклученоста во злосторствата против цивилите, иако комисија за проценка откри дека герилците учествувале со само 3% во злосторствата, како што е посочено од Централноамериканска политика во објавата „Зошто да не се гонат герилците?“.

Амнестијата е неприменлива за меѓународни злосторства, вклучително геноцид, измачување и присилно исчезнување. Борбата за правда во Гватемала е херојски напор: помалку од 5% од случаите се гонети секоја година. Се чини дека конечно декадите вложен напор од страна на здруженијата на жртвите ќе испорачаат правда до фамилиите кои ја преживеаја војната.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.