Ла Каса Азул – онлајн книжарница која е раководена од Аурора Анаја – Церда – неодамна објави дека ќе соработува со нова книжарница лоцирана во Вашингтон Хаитс, Њујорк. Ворд Ап (@wordupbooks) има две цели: да ја шири латиноамериканската литература и независните книжарници.
Ла Каса Азул не само што беше наградена некулку пати, туку и направи извонредна работа. Во интервјуто за Латина Бук Клуб, Аурора објаснува дека нејзината дигитална платформа имала книги – и аудио книги – на шпански и англиски од 2008. Аурора, исто така организира клуб за читатели во Мусео дел Барио во Њујорк, откако клубот беше отворен, каде луѓето можат да разговараат со различни писатели. Специјален гостин за следниот собир ќе биде Есмералда Сантијаго која ќе зборува за нејзиниот нов роман „Конкистадора”.
Иако приказната за Ворд Уп е малку по различна исто така е и неверојатна. Пред неколку месеци, Вероника Лиу, ко-основачот на Фрактиос Прес и редакцијата Севен Сторис Прес се сретна со Уметничката алијанса на северен Менхетен и Вантаџ Резидентал со цел да ја анализира можноста за создавање книжарница за заедницата. Оваа цел беше постигната.
Следново видео од ArtbyDJBoy ја покажува огромната енергија инспирирана од ова место:
Исто така, вклучуваме линк со барање за подршка на овој клуб како траен проект, бидејќи е привремен.
Впрочем, здружувањето помеѓу двете книжарници е забележливо. Како што информира онлајн билтенот на Каса Азул, тие го издадоа своето ново двојазично списание Д Рио Гранде Ревју кое беше создадено од креативните студенти на Универзитеот во Тексас, во Ел Пасо. Онлајн верзијата на списанието можете да ја видите овде.
Можете да ги посетите двете книжарници, или вистинската или дигиталната.