Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Грчката финансиска криза и протестите против штедењето: случувањата досега

Оваа статија е дел од нашето специјално известување за  Eвропа во криза.

По година и половина од очајните преговори за спасување и дистрибуирање на траншите  од страна на  Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската Унија, непопустливите и растечки  нeефективни мерки за штедење наметнати од „тројката“ (три) на грчката социјалистичка влада, се судрија со немилосрдни протести. Драмата на Eвропската дожничка најголема криза со Грција во центарот,  стигна до врвот, кога политичарите очајно бараат начини да ја извлечат Европската Унија од огромниот долг.

Runner statue mocked up as a rioter. Photo courtesy of the Athens indignants' multimedia team, licensed as CC BY-NC-ND 3.0

Статуата на тркачот исмеана како бунтовник. Фотографија од атинскиот огорчен мултимедија тим, со лиценца CC BY-NC-ND 3.0

Грчкото движење на огорчените, инспирирано од востанијата на „Арапската пролет“ и  Eвропското револуционерно движење кое почна во Шпанија, се концентрира главно на седенки на плоштадите во Aтина и Солун. Очевидно пропадна во текот на летото, по серијата на насилни полициски мерки, но се појави и забрза во септември, како колективен бес кој почна да врие со наметнувањето на уште еден круг на  мерки за штедење договорени на итниот самит на Еврозоната во јули.

Ефектите од строгите мерки за штедење

Со невработеност на младите од над 40% и неизвесност која лебди над намалените перспективи за работа дома, продолжените мерки за штедење предизвикаа нов иселенички бран, овој пат на најдобрата грчка младина, спојувајќи се со падот на економијата од присилната и изборна навала по пензии, предизвикана од намалувањето на вработеноста и зголемувањето на возраста за пензионирање.

Самите мерки за штедење преставуваат прекршување на човековите права, како што забележа, во јули,  експертот на ОН. Постојаното наметнување на мерки за штедење се одрази на секојдневниот живот на Грците, со ограничени социјални услуги па дури и удар врз достапноста на основните производи поради зголемувањата на постојано променливиот ДДВ и намалувањата на платите, пензиите и бенефициите. Во неодамнешната статија на медицинскиот магазин Лансет се наведува дека кризата предизвикува штетни ефекти кај населението, со  раст на самоубиствата и криминалот.

Mass 'Indignant' protest in Athens. Image by endiaferon, copyright Demotix (29/05/2011).

Масовни протести на „Огорчените“ во Атина. Фотографија на ендиаферон, авторски права на Демотикс (29/05/2011).

И креативните Грци се погодени од мерките за штедење, па ги користат блоговите и социјалните медиуми за да го изразат незадоволството. Блогерот и сопственикот на авторски права Константина Делимитру опишува мрачна слика за финансиската несигурност која ги нагризува умовите и телата на Грците:

Οι περισσότεροι είμαστε με μόνιμες τανάλιες στα στομάχια για το περισσότερο μέρος της ημέρας και της νύχτας. Ένα βλαμμένο συνοθύλευμα από φόβους, αγωνίες, εικόνες τρομακτικές που δε θες αλλά σου σφηνώνονται στο κεφάλι και δε σ’ αφήνουν να πάρεις ανάσα. [..] ακούς να ρωτάνε πόσα μακαρόνια να βάλουν στην άκρη για μια ώρα ανάγκης, πώς θα πάνε στη δουλειά χωρίς φράγκο και πόσο νερό άραγε να θέλει ένα μποστάνι στο μπαλκόνι. Και εκείνη η κυρία ένα βράδυ στο μετρό. Που έκλαιγε για δέκα ευρώ στο τηλέφωνο. Τα παιδιά της στο νοσοκομείο και δεν έβρισκε δέκα ευρώ να ταΐσει τα εγγόνια. Και αυτός που μιλούσε δεν είχε να της δώσει. Και δεν είχα ούτε εγώ. Αλλά και να ‘χα, πώς να πλησιάσεις τον άλλο να τον βοηθήσεις;

Повеќето од нас имаат постојано чувство на стегнатост во стомакот најголемиот дел од денот. Глупав неред од страв, мачнина, ужасни слики кои несвесно ви се заглавуваат во глава и не ви даваат да дишете […] ги слушате како се прашуваат колку шпагети да се остават за црни дни, како да се оди на работа без денар, колку вода треба за цвеќето на терасата. И онаа дамата, ноќта во метрото. Плачеше на телефон  за десет евра. Децата и беа во болница, а таа не можеше да најде десет евра за да си ги нахрани внуците. И тој што ја слушаше немаше за да и даде. Ниту пак јас. И да имав, како да му пријдеш некому и да му понудиш помош?

Генерален собир на атинските „Огорчени“ , 29/5/2011. Фотографија на Сајберела, лиценца на CC BY-NC-ND 3.0

Веб дизајнерот Сајберела, суво коментира за нејзините погледи како хроничен болен од  хeмангиом:

@Cyberela: Φυσικά τις θεραπείες που κάνω τώρα δεν μπορει να μου τις πληρώσει η ασφάλιση. Ο κόσμος με αιμαγγειωμα είναι καταδικασμένος στην Ελλάδα.

@Cyberela: Секако, моето социјално осигурување не може да ги покрие моите третмани. Болните од хемангиом во Грција се осудени.

И актерот Харис Атонис твитна кратка забелешка за миграцијата:

@hartonis: Οι μισοί γνωστοί μου μετακόμισαν στο εξωτερικό. Οι άλλοι μισοί, μέσα τους.

@hartonis: Половина од моите пријатели се иселија во странство. Другата половина внатре, во себе си.

Судири со полицијата

Неконтролираното полициско насилство го влоши социјалниот притисок. Најсериозните инциденти се случија кога полициското насилство без преседан, против демонстрантите на плоштадот Синтагма во Атина, на  28-29 јуни, беше осудено од меѓународните организации за човекови права, кои забележаа масовна употреба на солзавец и ја повикаа грчката полиција да  се воздржи од употреба на прекумерна сила.

Огорчените заземачи, веќе преполовени поради летните одмори, ноќта беа собирани од полицијата и растерувани , со  наводно поставени забрани во некои случаи за да се спречат понатамошни собирања, како што се случи подоцна, на собирањата во Шпанија и САД. Вообичаениот говор на премиерот на отворањето на  меѓународниот саем во Солун во септември беше дочекан со лути протести и судири, затоа што различни групи со многу полиција, се собраа на плоштадите, додека се објавуваше уште еден данок на имот.

Користењето на социјалните медиуми

Protest at Syntagma Square, 25/5/2011. Photo courtesy of the Athens indignants, licensed CC BY-NC-ND 3.0

Протест на плоштадот Синтагма, 25/5/2011. Фотографија на атинските огорчени, лиценцирана под CC BY-NC-ND 3.0

Tвитер стана централна платформа за граѓанското новинарство и активизам во Грција, уште од  немирите против убиството на еден малолетник од страна на полицијата во 2008. Неколку активисти собирачи на вести ги искористија твитер алатките за да ги забележат протестите против мерките за штедење и создадоа импресивна работа.

Теодора Економидес (@IrateGreek на Твитер) ја искористи Чирпстори за да ги уреди белешките за повеќето од големите протести во Атина, а пак Антонис Газакис (@gazakas на Tвитер) дневно објавуваше твитови во живо од  Гeнаралниот собир на огорчените во Солун на Сторифај.

Мирто Орфанудаки Симиц coбра видеа за полициската бруталност од 29 јуни. Во меѓувреме на 31,000 корисници им се допадна Фејсбук страницата на Атинските огорчени, а на 5,000 корисници им се допадна Фејсбук профилот на Солунските огорчени. Десетици фотографи на Демотикс објавуваа фоторепортажи од грчките протести уште од почетокот на 2009 година, а илјадници фотографии  и десетици видеа од активисти и граѓански новинари беа објавени на блогот на мултимедијаниот тим на Атинските огорчени од плоштадот Синтагма под лиценца на Криејтив Комонс откако почнаа протестите.

Шеговито, Teодора  ја започна  #расправата за прирачникот за грчките политичари, заснована на  Арапскиот прирачник за тирани на Ијад ел Багдад, за да се подбива со етиката и практиката на политичарите. Пародијата Лути Грци против Лути птици, содадена од видео арт – тимот Тун Позерс  собра 105,000 кликања на Јутјуб.

Следете го Tвитер-профилот (@GVEuropeCrisis) за нашиот специјален проект за следење на Eвропа во криза за дневни вести околу влијанието на кризата од огромниот долг врз Грција и други европски земји.

Оваа статија е дел од нашето специјално известување за Eвропа во криза.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.