Во недела, на 23 октомври 2011 година, земјотресот кој го погоди Ван, град во југоисточна Турција, беше почувствуван во Јереван, главниот град на Ерменија, и други делови на малата Јужнокавкаска земја. Земјотресите не се непознати, оваа земја имеше и сопствена трагедија во 1988 година, но потресот беше посилен од оние кои одтогаш се почувствувани.
Со малку медиумски известувања за ситуацијата, некои дури известија дека нема да објават новости до многу подоцна, првите извештаи се појавија на Твитер и Фејсбук, додека зградите сеуште се нишаа.
@onewmphoto: Мора да има земјотрес. Мојот стан во Јереван сеуште се ниша… #uneasyfeeling
@myrthekf: Мислам дека само што почувствував земјотрес #yerevan.
@onewmphoto: @myrthekf Да, почувствувавте земјотрес. Мојот стан се нишаше подолго од вообичаено, па мора да бил силен.@myrthekf: @onewmphoto Знам. Беше многу посилен од претходните кои ги имам почувствувано во текот на годините.
@blansharm: #earthquake #Yerevan Земјотрес, повторно, втор или трет пат во две недели! Страшно!
@albertpoghosyan: Повторно земјотрес во Јереван! Всушност силен!
@onewmphoto: Го почувствуваме во Ерменија RT @Reuters ФЛЕШ: Земјотрес со јачина од 7,6 степени, на 35 километри североисточно од Ван, Турција – УСГС (via @oemoral)
@unzippedblog: Зборував со родителите во Јереван, ТВ/радио не обезбедуваат доволно вести #Yerevan #fail #Earthquake јас им обезбедив онлајн вести #Armenia
Со сеќавање на земјотресот Спитак кој уби 25,000 луѓе, кое сеуште е свежо во мислите на многу Ерменци, Журнал настоящего армянина забележа дека некои фамилии дури ги евакуирале своите станови во зградите [на руски]:
Только что выходил […] и как только вернулся во двор вижу чё то люди выходят в спешке, в начале не сообразил потом когда увидел общую картину подумал что это землетрясение. Особенно впечатляющим были мамы которые обернув детишек в одеяло выбежали во двор. Сразу перед глазами пробежал 1988 год когда еще детишками были и нас тоже родители точно так же завернули в одеяло и бежали во двор. Вот вам картина моего двора после толчков.
Набргу потоа, некои шпекулираа дека потресот почувствуван во Јереван можеби не е тој од земјотресот во Ван, туку друг, предизвикан од него. Имаше и некои грижи околу безбедноста на стариот нуклеарен реактор Метсамор.
@reporter_arm: ова беше земјотресот што го почувствувавме? emsc-csem.org/Earthquake/ear…
@kutkut16: @ditord некои вести за нуклеарниот реактор Метсамор по земјотресот?
@ditord: @kutkut16 Реакторот Метсамор е моментално затворен поради одржување, но дури и доколку беше силен земјотресот, нуклеарната централа е добро заштитена
Грижите за ситуацијата во Ерменија наскоро овозможија следбениците да се информираат за ситуацијата во Ван, повторно објавувајќи ги вестите од корисниците во Турција. Подоцна во денот, Тигран Балајан, гласноговорникот на Министерството за надворешни работи, исто така објави вести на Твитер кои се однесуваа на Ерменија и Ерменците кои можеби живеат или работат во Турција.
@tbalayan: Претседателот Саргсијан понуди помош за спасувањето од земјотресот кој ја погоди Турција president.am/events/news/en…
@tbalayan: Според информациите достапни нема ерменски граѓани помеѓу жртвите од земјотресот #Armenian #Turkey #earthquake.
Иако нема дипломатски врски помеѓу Ерменија и Турција, понудата за помош секако резултираше со тоа што премиерот и претседателот на Турција му се заблагодарија на ерменскиот претседател за понудата. Како и да е, во времето на пишување на овој напис, ерменски спасувачки тим сеуште е во состојба на готовност.