Ѓорѓина Димова

Родена на 5 март 1975 година. Дипломира на ПМФ Скопје – инженер по информатика. Моментално работи како професор по информатика во Неготино.

Имејл Ѓорѓина Димова

Последни написи од Ѓорѓина Димова

Африка: ХИВ позитивните жени стерилизирани, дискриминирани и стигматизирани

Присилната стерилизација на жените се уште е реалност во многу африкански земји. Неодамна имаше сведочења за сопственото искуство на оваа тема и неколку африкански блогери и дадоа тежина на темата.

21 септември 2010

Франција: Дискриминација на Ромите, етикетирани како „крадци“

И додека истерувањето на Ромите од камповите најавено од претседателот Саркози и министерот за внатрешни работи Брис Хортефо е во полн ек со тивкото одобрување на мнозинството на јавното мислење, започнуваат да се јавуваат сомнежи околу праведноста на мерките. Некои блогери го изразија својот гнев за мерките кои целат кон најранливите и една цела заедница ја етикетираат како „крадци“.

13 септември 2010

Јордан: Големиот брат те набљудува!

Јорданските нетизени имаа грубо будење кога се раширија вестите [англиски] за осудувањето на Имад Ал – Аш на казна затвор од две години – за навреда на јорданскиот монарх преку...

26 август 2010

Кина: Сексуалните работнички бараат легализација, организаторот притворен

Доколку проституцијата не ги повредува современите културни норми, аргументираат секс активистите, тогаш зошто законот не го рефлектира тоа? Само пред неколку денови откако група во Централна Кина излезе на улиците да собере поддршка за борбата за социјален статус на сексуалните работнички, организаторот беше приведен од полицијата.

17 август 2010

Филипини: Криза за вода во Манила

Метро Манила, регионот на главниот град на Филипините, во моментот се соочува со недостаток на вода со милиони долготрајни рационализации на снабдувањето со вода. Филипинските блогери се обидуваат да ја најдат смислата на оваа криза.

11 август 2010

Хаити: Раселените жени и девојки жртви на полово насилство

По разорниот земјотрес на Хаити, жените и девојките се уште се соочуваат со полово насилство. Некои од нив не само што се силувани туку се соочуваат со отсуство на правен систем и помалку од соодветна медицинска нега.

9 август 2010

Палестина: Работилници ги инспирираа блогерите во Газа и на Западниот брег

Неодамна, директорот на Програмата за поддршка на Глобал Воисес, Сами Бен Гарбиа, реализира серија на работилници за блогирање во Газа и Западниот Брег. Работилниците беа организирани од Arabic Media Internet Network (AMIN), чија цел е зголемување на бројот на блогери во палестинското општество.

21 јули 2010

Филипини: Погледите на блогерите за сексуалното образование

Оваа учебна година, филипинската влада реализира програма на Обединетите Нации за сексуално образование во јавните училишта за децата и тинејџерите додека Католичката црква строго се спротивставува на програмата. Блогерите коментираат на темата.

13 јули 2010

Бразил: Пожарот во Рио де Жанеиро покрена онлајн кампања

Една од населбите кои често ги гледаме на разгледниците од Рио де Женеиро, населбата Лагоа, беше жртва на голем пожар кај Моро Дос Кабритос, област од Атлантските дождовни шуми. За кратко време низ социјалните медиуми започна кампања против пуштањето на балони на топол воздух - кои се можна причина на пожарот.

10 јули 2010