Една од населбите кои често ги гледаме на разгледниците од Рио де Жанеиро , населбата Лагоа, беше жртва на голем пожар кај Моро Дос Кабритос , помеѓу Руа Сакопа и Парк да Катакумба, област од Атлантските дождовни шуми полни со животни, главно со мајмуни микоси. Моро Дос Кабритос (кој може да се види на оваа Гугл мапа) се шири до Копакабана – каде се наоѓа гетото Кабритос кое беше загрозено од огнот, чадот и топлината.
Погледнете го видеото од пожарот:
Од започнувањето на пожарот, околу 10 часот во саботата на 19-ти, предупредувања, фотографии и видеа започнаа да се појавуваат на Твитер и Фејсбук. И додека на традиционалните медиуми немаше никакви вести за настанот, #lagoa (езерце), #incêndio (огин) и #cabritos даваа најмногу вести на Твитер во Бразил.
@mjcoffeeholick pega a vuvuzela pra acordar esse povo ! – RT @alerocha: Você, jornalista carioca que está dormindo. Acorda, pô. Tá pegando fogo lá.
Нина Лемос го посочи фактот што веб-телевизијата стигна на лице место пред другите традиционални медиуми нагласувајќи ја брзината на граѓанските медиуми како и на вебот како канал за вести:
@ninalemos Acho o máximo o @gematv furar a Globo. Amores, o jornalismo morreu. E isso é ótimo.
Останатите корисници на Твитер изгледа се согласуваат:
@drido o #fogo comendo o parque da catacumba e a globo news mostrando uma cerimônia de cachorros se convertendo ao budismo…
@rosana RT @JJoselita: @rosana é pq tá rolando um mega incêndio na zona sul do RJ…várias pessoas indignadas com a falta de cobertura da imprensa.
Погледни ги најновите вести од @gematv овде.
Сомнежите дека пожарот бил предизвикан од балон на топол воздух, уште еднаш ги покренаа прашањата за тоа колку опасни може да бидат балоните на топол воздух во овој дел од годината за време на јунските прослави, популарна културна традиција во Бразил, која се одржува во текот на јуни и јули.
Junina Celebrations [португалски] не се ексклузивно бразилски прослави и различни нејзини верзии се сретнуваат во разни земји и се историски поврзани со паганските прослави на Летната долгодневница која се слави на 24 Јуни според Јулијанскиот календар (пред Грегоријанскиот календар) и прославите се христијанизирани во средниот век како прослава на Св.Јован.
Балонот е еден од симболите на бразилските Јунски прослави и со декади му се спротивставуваат поради опасноста што ја претставува како предизвикувач на пожари, како и воздушни несреќи бидејќи може да се искачи и на 15.000 стапки надморска височина. Најголемата опасност доаѓа од високо запалливите материјали употребени за изработка на балоните како што се: влакна, парафин и керозин. Бидејќи нив ги носи ветерот никогаш не се знае каде балонот ќе слета и колку далеку ќе отиде, ставајќи ги во опасност и луѓето и домовите и шумите на ризик од пожар.
Со сериозниот инцидент кој се случи кај Моро Дос Кабритос, на Твитер се започна кампања против пуштањето на балони како и критикувањето на моментниот тренд на CALA BOCA GALVAO:
@adribittencourt #soltarbalaoecrime Vamos bombar essa campanha! Muito mais importante q a Cala a boca Galvao!
@claudiamello RT @guisan: Vamos fazer o seguinte? Ao invés de incentivar o “Cala boca Galvão”, twittem “NÃO SOLTEM BALÃO”. #campanha
Исто толку брзо како настанот, кампањата беше покрената преку #soltarbalaoecrime (пуштањето балони е криминал) и раширена низ социјалните медиуми:
@gematv RT @brunoastuto: e acabaram de criar o twitter#soltarbalaoecrime, que já está me seguindo @naosoltebaloes
@DiogoFenSo Meu Deus, o Rio tá caótico… o morro tá parecendo o Eyjafjallajokull #soltarbalãoécrime
@fe_crf #soltarbalãoécrime precisa falar mais alguma coisa?
Пуштањето на балоните според законот е криминал против животната средина (член бр. 9.605/98) кој вели “За производство, продажба, пренос или пуштање на балони, поради ризик од пожар во шумите и урбаните делови, прекршувачот на законот подлежи на казна затвор и парична казна. Казната е 1 до 3 години затвор, парична казна или и двете.”
На почетокот на јули, полицијата за животната средина од државата Сао Паоло, започна кампања против пуштањето на балони наречена “Soltar Balões não é Legal! É Crime Ambiental” [Пуштањето на балони е нелегално! Тоа е криминал против животната средина], која завршува во август. Предлогот е да се интензивира инспекцијата и да се реализираат работилници во јавните и приватните училишта за опасноста од оваа практика. Disque Denúncia [Зазвони и пожали се, на португалски] исто така започна Dial Balloon програма, така да луѓето можат да пријават по телефон ако некој сѐуште продолжува со оваа нелегална активност. Сепак, некои се јавуваат со цел да ја одбранат оваа долга традиција под мотото “Balão é Eterno, Proibir é crime, Regulamentar é Preciso” [Балоните се вечни, Забраната е криминал, Потребна е регулатива, на португалски].
Не се пронајдени никакви информации на интернет за истата кампања во државата Рио де Жанеиро, за што се надеваме дека е само пропуст на вебот. До затварањето на овој напис, 14 часови по почетокот на пожарот, пожарникарите сѐуште се бореа со огнот, иако беше речено дека е ставен “под контрола”.