Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Јордан: Големиот брат те набљудува!

Јорданските нетизени имаа грубо будење кога се раширија вестите [англиски] за осудувањето на Имад Ал – Аш на казна затвор од две години – за навреда на јорданскиот монарх преку инстант порака (IM – instant message) која му ја испратил на својот пријател. Студентот по компјутерски инженеринг наводно бил притворен и бил под тортура пет месеци пред државниот секретар да слушне за овој случај. Јорданските блогери имаат што да кажат.

Насем Ал Таранах вели [англиски] дека осудата е „толку опасна што дури не е ниту смешна“

Тој додава:

Прво, фактот што сме во 21 век и Јорданците сè уште го испробуваат lese majeste (повреденото височество) [англиски]- закон толку архаичен што моли за причина зошто било која нација би продолжила да го користи и да се смета за прогресивна – тоа не можам да го разберам. Тоа е еден од оние закони во светската историја кои се покажале како многу некорисни и неефективни. Не ги спречува луѓето да го навредуваат водачот на државата, всушност ги поттикнува критичарите да го направат тоа (како што беше случај во Мароко деновиве) и уште повеќе ја поткрепува идејата дека се живее во авторитарна држава.

Ал Таранах продолжува:

Второ, Судот на државната безбедност гони студент за нешто што рекол во соба за разговор? Ова не само што го нарушува кредибилитетот и поткопува реалниот легитимитет на судското тело туку истиот тој суд кој ги суди луѓето за предавство не треба да ги осудува граѓаните и за критиките и навредите кои ги нанесуваат.

Тој понатаму забележува:

Трето, ќе го тргнам настрана фактот што MSN месинџерот најверојатно е мониториран од мукхабарат (тајната служба) и му се заблагодарувам на господ што не сум личност која многу четува.

Ал Таранах заклучува:

Се надевам дека овој пост нема да се земе како сугестија ниту како чин на обесхрабрување на Јорданците да, не дај Боже, го навредат кралот. Всушност, сметам дека никој не треба да навредува никого. Но сепак, сметам дека никој не треба да биде осуден на две години затвор од судот за државна безбедност поради тоа.

Можеби најопасниот исход од овој случај е што најверојатно ќе ги зацврсти напорите на одредени поборници во рамките на државата кои сакаат да се ограничи слободниот говор онлајн.

Читателите беа брзи во коментирањето на случајот и импликациите од него.

Фара е лут поради тоа што приватните IM пораки можат да бидат мониторирани велејќи:

Ова е тоа што најмногу ме мачи. Некој од владата треба да даде објаснување. Како се осудиле? Дали ова е 1984?

Тамби додава:

Ова е срамота. Сметам дека официјалните лица треба да дадат изјава и да расчистат што всушност се случило. Бидејќи ако она што се случило е навистина казна врз основа на четување! Господ нека ни помогне на сите и господ да ги проколне одговорните за апсењето.

Риим вели дека ваквите вести придонесуваат за неа да биде посигурно да ги кажува своите мисли надвор од мрежата. Таа забележува:

Ваквите вести ме прават да се чувствувам посигурна изразувајќи ги моите мисли помеѓу затворена група на луѓе надвор од мрежата отколку онлајн. Не дека јас имам револуционерни спротивни мисли, туку затоа што не знам до каде се границите и кои закони ме штитат мене. Изгледа дека во Јордан технологијата работи подобро за владата да го спроведе нејзиниот закон од 18 век отколку да тргне напред.

Во меѓувреме, Монти не е изненаден:

Иако не би требало да бидам изненаден… без разлика дали е твојот меил, твојот блог, твојот Фејсбук профил, твојот телефон, твоите твитови, МСН, Скајп или било што друго онлајн, сигурен сум дека сето тоа некаде се зачувува и ќе се јави за минута ако некој идиот смета дека си ја поминал линијата. За нас кои сме активни онлајн, ова значи дека тие може да знаат скоро се за вас.

Она од што сум изненаден е фактот што тие всушност ги имаат можностите и ресурсите за да ги мониторираат нашите разговори…како што низ целиот свет ИТ револуцијата започнува со сигурносните сервиси.

И Тамер бара одговор како разговорите може да се мониторираат:

Жално , но ова е огромен чекор назад за земјата. Дали некој знае дали таа личност всушност била мониторирана (не сум сигурен дека технички MSN разговорите може да се мониторираат локално), или некој го наклеветил дека го навредил кралот? Мислам дека ако тој разговарал на MSN во чет група и некој разузнавачки офицер претставувајќи се како цивил учествувал во разговорот бил тој што го наклеветил кај службите. Инаку, се надевам дека некој со поголемо техничко знаење ќе ни каже многу повеќе за ова!

Други пак читатели тврдеа дека Ал – Аш бил уапсен затоа што коментирал на сајт на Џихад, а не за навреда на кралот на Јордан во порака.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.