21 јули 2010

Написи од 21 јули 2010

Палестина: Работилници ги инспирираа блогерите во Газа и на Западниот брег

Неодамна, директорот на Програмата за поддршка на Глобал Воисес, Сами Бен Гарбиа, реализира серија на работилници за блогирање во Газа и Западниот Брег. Работилниците беа организирани од Arabic Media Internet Network (AMIN), чија цел е зголемување на бројот на блогери во палестинското општество.

Бразил: Секојдневното насилство врз жените

Во Бразил, секој ден се убиваат по 10 жени. Неодамнешното убиство на жена од наводниот татко на нејзиното дете, воедно млад надежен бразилски голман, предизвика разговори во блогосферата за насилството против жените.