Светлата во Чернобил повторно се вклучени по 31 година

Полски авантуристи влегоа во градот Припјат во чернобилската забранета зона и ги вклучија светлата за првпат по катастрофата во нуклеарната централа во Чернобил која се случи во 1986.

На 26 април 1986, нуклеарната катастрофа во нуклеарната централа во Чернобил предизвика испуштање на радиоактивен материјал во атмосферата и изложи илјадници – ако не и милиони – луѓе во Украина, Белорусија, Русија и други места во Источна Европа на екстремно високи дози радијација.

Ефектите од радиоактивната честички сѐ уште се чувствуваат: повеќе од 500.000 луѓе во Белорусија, земјата која беше најсилно погодена од катастрофата, имаат проблеми со тироидната жлезда кои резултираат од чернобилската радијација, а повеќе од 2 милиони луѓе живеат во области со висок ризик од контаминација.

Минатата недела, на ноќта од 31-та годишнина од катастрофата, група полски авантуристи одлучија повторно да ги вклучат светлата во Припјат, радиоактивен град на духови кој се наоѓа на 4.8 километри од реакторот во Чернобил. Граѓаните на Припјат беа евакуирани еден ден по катастрофата и оттогаш градот е напуштен. Сепак, тој стана центар на индустријата за туризам во места каде се случила катастрофа која се разви во чернобилската забранета зона.

Светлата се вклучуваат во училиште во Припјат.

Со помош на генератори, Полјаците успеаа да донесат електрична енергија до некои  згради во Припјат и го осветлија напуштениот град за првпат по повеќе од 3 децении. Фотографиите кои ги објавија на Интернет брзо се раширија низ социјалните медиуми во земјите каде се зборува руски јазик.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.