Белорусија: Денот на претседателските избори завршува со протести и остри мерки

19 декември 2010 година, денот на претседателски избори во Белорусија, заврши со масовни протести, апсења и насилни судири со полицијата во Минск, главниот град на Белорусија.

Александр Лукашенко, кој е претседател на Белорусија од јули 1994 година, имаше девет опозициски противкандидати од кои неколкумина беа нападнати или уапсени – или и двете. Откако гласачките места беа затворени, илјадници луѓе се собраа во центарот на Минск да протестираат против изборната измама (неколку фотографии и видео записи може да ги најдете тука), но кога се обидоа да навлезат во владините канцеларии и зградата на централната изборна комисија, тие беа разделени од полицијата задолжена за протести. Десетици протестанти и неколку новинари, вклучително и известувач и фотограф на Њујорк Тајмс, беа повредени.

Исто така, во текот на целиот ден имаше известувања за проблеми со интернетот и ограничен пристап до социјалните медиуми и интернет страниците на опозицијата (види претходни GlobalVoices ажурирања од Алексеј Сидоренко – тука, тука и тука). Евгениј Морозов (@евгенијморозов), кој моментално е во Белорусија, на Твитер напиша дека „не можел да пристапи до ништо што користи http сервери“. Во друг твит, поставен неделата попладне, тој напиша:

Исто така слушнав дека затоа што пристапот до Gmail во Белорусија е блокиран, страниците на опозицијата не можат да ги користат нивните списоци на адреси

Сепак, граѓански медиумски извештаи беа поднесувани пред, за време и по настаните во центарот на Минск.

На 18 декември Димитриј Растаев (од LJ (LiveJournalists) со корисничко име „растаев“) коментираше (руски) во врска сo наводно доброволното „рано гласање“ – во кое „23% од 7-те милиони регистрирани гласачи“ ги дале своите гласови, кое нешто често се смета како „инструмент за лажирање на гласовите од страна на властите“:

Денес зборував со мојата ќерка [студент].Таа го рече следново: „Тие влегуваат во собите на студентскиот дом со Законот за иселување во раце и на едно парче хартија, ги запишуваат [имињата на] сите оние кои не гласале порано, притоа наведувајќи дека тоа е „за [создавање нехигиенски услови]“.

А во меѓувреме, [Лукашенко] и неговиот сој, лаат на телевизија за „неприфатливоста на принудувањето [на луѓето] да гласаат порано“.

[…]

Доколку на 19-ти, овој [копилски] режим не се распадне, не знам… […] Да се толерира оваа гнасотија и овие шутраци уште 5 години – тоа веќе е физички невозможно!!!

Корисничката од LJ со корисничко име „аделка“ го постави овој извештај (белоруски) откако се врати од масовниот собир:

Дома сме, живи и здрави.

[…]

Мојот сопруг, неговиот брат и јас носевме жена прекриена со крв, [имаше повреда на главата], имаше две амбулантни возила зад владината зграда […] – беа полни со луѓе (6-8 повредени во секоја од нив), главно жени со повреди на главата […]. Ги разделуваа луѓето во групи и ги бркаа во т.н. „џебови“ и таму, ги фрлаа на земја и ги тепаа. Тепаа дури и малолетни девојчиња – […] ги тепаа со нозе и пендреци, дури и среќно се смешкаа додека го правеа тоа. […]

Чувството е дека постои хунта и фашизам во државата.

[…]

Ќе ви кажам искрено, бев исплашен. Но, среќен сум што режимот се плаши од мене и горд сум на тие што беа присутни таму [на собирот]. Простете ми, но тешко е [да не звучам како надуенко] по сè она што го видов со моиве очи. […]

Корисничката на Ел Џеј анета-спб (од LJ со корисничко име „aneta-spb“), новинарка од Сан Петербург која дојде во Минск да известува за изборите, ги постави следниве ажурирани новости од собирот:

Плоштад Октомври, Минск.

Многу луѓе на плоштадот Октомври, јас сум во гужвата […] и не можам да избројам [колку има] поради тоа. […] Повеќето се млади, но има доволно возрасни, како и постари. Луѓето им се јавуваат на нивните пријатели по телефон, ги повикуваат да дојдат на плоштадот: „Од што се плашиш, дојди, не можеме повеќе вака да живееме“.

Полицијата задолжена за протести ги брка луѓето од плоштадот […]

Предизвикани се тепачки со агенти- провокатори. Многубројна полиција задолжена за протести, цела армија [од нив]- доаѓаат на плоштадот од сите правци, се обидуваат да ги истуркаат луѓето, но тие не си заминуваат. […]

Најпрво луѓето го зазедоа центарот на Минск, а подоцна полицијата задолжена за протести и армијата.

[…] Но, беше моќно. Многу моќно. […] Секако, беше и малку застрашувачки. […] Белорусите [беа одлични, навистина одлични]. Горда сум. А најважно е што луѓето не дојдоа за лидерите. Тоа уште еднаш докажува дека тие [не се од најголема важност].

Корисникот од LJ со корисничко име „дабрахост“ го напиша следново (руски):

Потполно се согласувам со Наталија Радина преку ЕУРОРАДИО –„Лукашенко му прогласи војна на сопствениот народ“.

Според ова, логично => целата негова вертикала- е во состојба на војна со народот => секој службеник и полицаец заслужува да излезе пред Хашкиот трибунал. СЕКОЈ СЛУЖБЕНИК И ПОЛИЦАЕЦ! Порано или подоцна ова ќе се случи.

На Твитер, таговите на #електбај и #плоска беа и сѐуште се користат во извештаи за ситуацијата.

@еурорадио (белоруски):

Сведоци на тепањето на плоштадот: „удираа еден човек, тој падна, полицаецот се врати и [продолжи да го удира додека не изгуби свест].“ […]

@Феверај (руски):

[…] Снегот на плоштадот пред владините канцеларии е црвен.

@јкирчик (англиски):

Колку да се знае: белоруските специјални единици „спецнац“ се обични силеџии […]


@цхуденцов
(руски):

Да стоиш меѓу две колони на полицијата против немири додека тие ти се приближуваат, а го имаш само твојот смартфон како оружје – не е пријатно. Моите нозе ме спасија. […]

@лусисд (руски):

За прв пат видов како полицијата против немири ги тепа луѓето со пендреци… За време на нашата [украинска] портокалова револуција [од 2004 г.] сè беше како детска бајка споредено со #електбај

Овој пост беше објавен и на руски од Еждневњи Журнал; како дел од партнерството за содржини со Global Voices’ RuNet Echo.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.