Нов документарец фрла сенка на полициската истрага за убиството на новинар-дисидент во Киев

Промотивна слика за документарецот „Убиството на Павел“ (“Killing Pavel”) од ОЦЦРП и Слидство.инфо, со цитат од Павел Шеремет: „Храброста во новинарството е да ги браниш непопуларните, а не популарните“.

Нов документарен филм од Проектот за известување за организиран криминал и корупција (ОЦЦРП)* и Слидство.инфо го испитува атентатот на новинарот Павел Шеремет, кој беше убиен во Киев во јули 2016.

Десет месеци откако бомба во автомобилот го уби Шеремет, нема резултат од официјалната полициска истрага. Известувањето на ОЦЦРП и Слидство.инфо открива детали за убиството и отвора прашања за квалитетот на истрагата, укажувајќи на вмешаност на Тајната служба.

Филмот „Убиството на Павел“ (“Killing Pavel”) е достапен на англиски, руски и украински јазик. За првите три дена по објавувањето на Јутјуб, трите видеа заедно привлекоа повеќе од 145.000 гледања и позитивни оценки од многу новинари од регионот.

ОЦЦРП и ХромадскеУА, ви благодарам за овој филм што го истражува убиството на новинарот Павел #Шеремет. #Белорусија

За филмот исто така известуваат и интернационални медиуми, а украинските власти побрзаа да објават дека ќе ги користат наодите од извештајот како помош во нивната истрага. Во меѓувреме, украинската Тајна служба демантираше дека има било какви врски со случајот.

Павел Шеремет ја започнал новинарската кариера во Белорусија, известувајќи за прашања поврзани со корупција. Под притисок на белоруските власти во 1997. година бил присилен да се пресели во Русија. По петнаесет години ситуацијата се повторила и бил присилен повторно да емигрира, овој пат во Украина. Во Киев тој водел утринска радио програма и работел за интернет-весникот „Украинскаја правда“ (Украинска вистина). Во 1999. година Комитетот за заштита на новинари му ја доделил Меѓународната награда за слобода на печатот, а добитник е и на Европската награда за новинарство и демократија на ОБСЕ од 2002.

Не интернет, некои корисници повлекоа паралали со слични напади со кои во Русија беа елиминирани познати критичари на Кремљ:

Уште едно убиство на критичар на Путин во Украина – што се случува со истрагите за убиствата на Шеремет и Немцов?

Убистовото на #Вороненков е слично на #Литвиненко (човек од режимот открива тајни), додека она на #Шеремет е слично со #Политковскаја (досаден новинар)

Покрај информирањето за Шеремет, филмот „Убиството на Павел“ исто така има едукативна вредност како нагледно средство со кое се објаснува процесот на истражувачко новинарство, покажувајќи како репортерите работат со извори, можни сведоци, анализа на податоци и често недостапни функционери.

Уште едно убиство

* ОЦЦРП е поддржана со грантови од УСАИД, Стејт департментот на САД, Фондациите Отворено општество и други организации. Глобал војсис не прима поддршка од влади, но прима средства од Фондациите Отворено општество.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.