Еквадор: „Маршот за живот“ се приближува до Кито

Маршот за живот, без поголеми задоцнувања, се приближува до Кито, главниот град на Еквадор. Во претходниот напис маршот беше блиску до Азогуес, Кањар (каде што учесниците пронајдоа и предадоа прикриен полицаец во маршот) и регионите Жуд. Од таму тие продолжија кон Алауси и Гамоте.

Во Гамоте се соединија со друг марш кој што доаѓа од амазонските региони Морона Сантиаго и Ел Пастаза, составен од луѓе од етничките групи Запара, Шуар и Ашуар кои неодамна ги раскинаа нивните сојузи со Владата.

Маршот тогаш продолжи низ градовите Риобамба и Амбато, каде направи пауза, за да пристигне во Латакунга во понеделник. Таму тие се сретнаа со повеќе делегати од заедниците Шуар и Сарајаку, каде во исто време беа опколени од полициско присуство со комбиња и со хеликоптери.

Исто така на патот имаше  и рекламни билборди со пораки за поддршка за Владата и против протестите, на кои што оние кои маршираа беа етикетирани како кукавици. Твитот подолу на Марија Мендоза (@mariamendoza200) дава еден пример:

Con recursos del ESTADO, se desprestigia el derecho a la libre expresión del pueblo del Ecuador. #marchaporlavida http://pic.twitter.com/jz4aPiQE

Користат ВЛАДИНИ средства за да го дискредитираат правото на слобода на изразување на народот на Еквадор.#marchaporlavida http://pic.twitter.com/jz4aPiQE
"Destabilization is the weapon of cowards" photo by Maria Mendoza via Twitter

„Дестабилизацијата е оружје на кукавиците“ фотографија на Марија Мендоза виа Твитер

Владините поддржувачи воедно ја осудија употребата на алкохол на маршот, откако во Куенка, во префектот Азуај, Паул Караско му даде пченка и шише со алкохол на неговиот колега од Замора Чинчипе, Салвадор Куишпе, водач на маршот. Но, демонстрантите го ублажија овој факт ставајќи го во контекст на локалните традиции и негирајќи ја употребата на алкохол на маршот надвор од ритуални цели.

Друга стратегија во негативната кампања којашто Владата ја користи за да ги оттргне учесниците од маршот е преку закажување на настани и достава на помош за заедниците низ кои што поминува маршот, така што маршот секогаш завршува одејќи рамо до рамо со владини поддржувачи кои преку тоа покажуваат знак на сила.

Во меѓувреме во Кито, владините подржувачи се самоорганизираат во исчекување на пристигнувањето на „Маршот за живот“ и веќе зазедоа делови од Плаза Гранде (или Плаза де ла Индепенденсиа), кревајќи шатори во предворјето на катедралата во Кито во форма за бдеење.

Од друга страна, поддржувачите на „Маршот за живот“ разгледуваат стратегии за тоа како да се справат со ова прашање. Се планира паралелен марш кој што ќе започнува од Отавало и Имбабура северно од Кито и се очекува да има 5000 учесници. Од друга страна, Маршот за живот ќе пристигне во Кито од југ.


Poster for the March for Life

Плакат за Маршот за живот

Во еквадорската блогосфера има мал проток на информации за маршот, настрана од оние блогови кои што се поврзани со темата на домородните луѓе. Опсегот во кој што луѓето блогираат за ова прашање е ограничен само на просто репродуцирање на објавите и на други слични статии. Можеби кога маршот ќе пристигне во Кито, погледот ќе се смени.

Меѓу оние блогови кои постираат на тоа прашање е и Кроникас дел Деспохо, којшто на Слајдшер го прикачи документот насловен како „Мандатот на плуринационалниот марш“. Еве и негов извадок:

2. No a la minería a gran escala. Cumplimiento del Mandato Constituyente n°6 (Minero). Exigencia a la Corte Constitucional para que resuelva la acción de incumplimiento de dicho mandato. Derogatoria de la Ley Minera por ser inconstitucional. Nulidad del contrato de explotación minera firmado el día 5 de marzo entre el gobierno nacional y la empresa ECSA Ecuacorriente. Presentación del informe de contraloría de este proyecto.

3. No ampliación de la frontera petrolera. Suspensión de la Décima y Decimoprimera Ronda Petrolera. Respeto a la autodeterminación de los pueblos libres (en aislamiento voluntario) y cumplimiento de las medidas cautelares dictadas por la CIDH. Suspensión de las operaciones en el bloque 31 y plena garantía de intangibilidad del ITT. Suspensión inmediata de la construcción del proyecto Poleoducto [sic] Pascuales – Cuenca.

2. Не за рударство од масовни размери. Исполнување на Уставниот мандат бр. 6 (рударство). Барање до Уставниот суд да го реши прашањето околу неисполнувањето на споменатиот мандат. Поништување на Законот за рударство поради противуставност. Поништување на договорот за експлоатација на руди кој што беше потпишан на 5-ти март од страна на националната влада и компанијата ЕЦСА Еквакориенте. Ревизија на извештајот на контрлорот на овој проект.

3. Не за проширувањето на нафтената зона. Суспензија на десеттата и единаесеттата рунда наддавање за нафтата. Земајќи ја предвид самоопределбата на слободните луѓе (во доброволен егзил) како и исполнувањето на мерките на претпазливост диктирани од CIDH (Интерамериканска комисија за правата на луѓето). Престанок на текот на операциите во блок 31 и целосна гаранција на правната недопирливост на ИТТ (Ишпинго – Тамбокоча – Типутини). Моментално запирање на конструкцијата на цевоводниот проект Пасквалес – Куенка.

Соопштение за печат од Comunicación Ecuarunari, Red de Comunicadores Kichwas -Ecuachaski, кое што се однесува на напредокот на маршот низ Азогуес беше повторно издадено во Еквадор Контаминада:

Más de 2000 comuneros y comuneras de la UPCCC del cantón Cañar no pudieron llegar al punto de encuentro dado que el reten policial colocado en la vía hacia Azogues detuvo los vehículos impidiendo su participación. La masividad de la marcha sorprendió a los pobladores locales, que hace años no vivían una concentración tan masiva. Una de las observadoras exclamaba que no pensó que los indígenas tuvieran tanta fuerza aun.

Повеќе од 2000 членови на УПССС (Унија на здруженија и комуни на провинцијата Кањар) не можеа да пристигнат на договореното збирно место бидејќи барикадите кои полицијата ги беше поставила на патот кон Азогуес го запреа проткот на возила и со тоа ги спречи да учествуваат. Масовноста на маршот ги изненади и локалните жители кои долго време не виделе толкав број на демонстратори. Една набљудувачка забележа дека не знаела дека домородните луѓе се уште имаат толкава моќ.

Восес Оберас објави соопштение од Владиниот совет Сарајаку, на заедницата Кичва во провинцијата Пастаза, во еквадорскиот дел на Амазон.

Sarayaku como baluarte de la lucha anti petrolera, siempre ha estado inmerso en defender los derechos de los pueblos indígenas y de los pueblos amazónicos, hoy con más razón sale a reivindicar sus derecho a la resistencia y estar en las jornadas convocada por la CONAIE, nosotros como pueblos no dejaremos de luchar para defender nuestra madre tierra

Сарајаку како бастион на борбата против производството на нафта отсекогаш бил вклучен во борбата да се бранат правата на домородните луѓе и народите на Амазон и затоа денес доаѓа со уште поголема причина да го одбрани нивното право на отпор и правото на учество на конференции организирани од страна на CONAIE (Конфедерација на домородните народи на Еквадор). Ние како народ нема да запреме да се бориме да ја одбраниме нашата мајка – Земја.

Блогот Ecuachaski (Еквачаски) исто така објави една статија која ги спомнува причините зошто луѓето со потекло од Пуравај протестираат и се придружуваат кон маршот:

Basta señor presidente de seguir entregando nuestras tierras, nuestras aguas, nuestra riqueza a las empresas mineras extranjeras, basta de más impuestos para los pobres, expresó, Salvador Quishpe, prefecto de Zamora Chinchipe, quien compartió las declaraciones realizadas por la Ministra de Secretaria de Pueblos, Mireya Cárdenas, que el areteo a los ganados si es para cobrar los impuestos progresivamente. Contra esta medida gubernamental estamos luchando y caminando hacía la ciudad de Quito, para exigir alto a los impuestos.

Г-не Претседателе, доста со оддавањето на нашата земја, нашите води, нашите богатства на странски рударски компании. Доста со дополнителни даноци за сиромашните луѓе, изјави Салвадор Куишпе, префект на Замора Чинчипе, кој воедно ги истакна изјавите на министерот на Секретаријатот за народи, Миреја Карденас, дека новата програма која предвидува говедата да имаат ушни обележувачи, претставува начин постепено да се зголемат даночните приходи. Ние се бориме и чекориме кон градот Кито во знак на протест против овие владини мерки – да бараме престанок на даноците.

На Јутјуб се продолжува со прикачување на видеа од маршот. Корисниците Comunicandonos и manasur3 ги споделија овие два видео клипа со музика и слики од маршот:

TVEcuadorLibreRed го објави овој мал извештај:

Како за крај, 78gigos го сподели овој граѓански видео клип од маршот во Риобамба на 16-ти март 2012:

http://www.youtube.com/watch?v=mIfleV1CiCQ&feature=player_embedded

Овој пост е оригинално објавен на личниот блог на Хуан Арељано. Сликата од плакатот на „Маршот за живот“ беше набавена од блогот Ecuador Contaminada.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.