Сенегал и соседните нации ги прославуваат мирните избори

[Сите линкови водат до статии напишани на француски јазик, освен ако не е наведено поинаку]

На 25-ти март, 2012 година, во Сенегал се случи историска завршница на тензичниот изборен период. Кога веќе беше извесно дека претрпува тежок пораз од поранешниот премиер и противник, Maки Сал, заменик-претседателот Вејд телефонски му ја честиташе победата на својот противник, дури и пред објавувањето на официјалните резултати. Таков потег досега се нема случено во овој регион.

Сенегалците ги прославуваат мирните избори, бидејќи ѝ овозможија на политичката алтернатива да се изрази. Навистина, имаше причини за страв од судири во екот на предизборното насилство. Познатите личности и граѓаните го изразија нивното олеснување.

Place de l'obélisque by Nd1mbee on Flickr with his permission

Плоштадот на обелискот од Nd1mbee на Фликр со негова дозвола

Овој такси-возач спонтано започна да танцува на улиците на Дакар:

http://www.youtube.com/watch?v=Ch9UoFdL5ak&feature=related

Пејачот Јусу Н'Доур, кој учествуваше во кампањата за Маки Сал, позитивно реагираше на резултатите, што може да се види и во следново видео:

Исто така и модната дизајнерка Диума Диакате:

http://www.youtube.com/watch?v=SlWePG_uEu8&feature=related

Бројните реакции од медиумите и интернет страните не престануваат, откако овој телефонски повик беше изнесен во јавност. Многу коментатори од соседните народи посакуваат ваква промена во нивните земји.

Габон

Блогерот Стив Беко напиша статија насловена „Избор на Маки Сал во Сенегал“: Првите лекции за победа на интернет страницата Слободен Габон. Мабунду Мунбамба го остави следниов коментар по статијата:

Bravo aux Sénégalais , sa c'est un vrai exemple de démocratie pas celle qu'on a de nom au Gabon , honnêtement suis jaloux des sénégalais et les encourage sur cette voie, pour vu que ça nous serve d'exemple

Браво за народот во Сенегал! Ова е вистински пример за демократија, не она што го нарекуваме демократија во Габон. Искрено, им љубоморам на Сенегалците и ги поддржувам на овој пат, да се надеваме дека тоа и нам ќе ни послужи како пример.

Брегот на Слоновата Коска

Промени во режимот се случија и во Брегот на Слоновата Коска, но по цена на многу човечки животи. Интернет страницата Ivorian.net објави статија која привлече многу коментари од заедницата од оваа земја и ја разгоре старата нетрпеливост помеѓу поддржувачите на претседателот Aласан Утара и поддржувачите на неговиот претходник Лоран Гбагбо.

Сачмо дава филозофски коментар за победата на Маки Сал:

Belle leçon de démocratie que cette victoire du peuple sénégalais. Bien entendu Wade aurait pu s’entêter comme Gbagbo mais, il a eu l’élégance et surtout la courtoisie d’appeler son challenger. La est tout ce qui grandi et anobli.
 On peut polémiquer à vau l’eau sur les causes et les motivations profondes du geste mais c’est au crédit de Wade. La démocratie est un bébé qui grandit et qui a besoin d’être entretenu par la clairvoyance des différents leaders qui défilent a la tête de l’Etat.

Одлична лекција за демократија и победа за целиот сенегалски народ. Секако, Вејд можеше да продолжи и да биде упорен, но беше доволно отмен и учтив да му се јави на својот противник. Таму го имаме сето тоа што е големо и благородно. Би можеле да создадеме полемики за причините и мотивот за гест, но тоа е заслуга на Вејд. Демократијата е како бебе кое расте,  за кое треба да се грижат неколку лидери кои стигнале до улогата на шеф на држава.

Ален Моние додава:

Qu’une alternance démocratique ait eu lieu rien ne pouvait s’y opposer si ce n’était les derniers soubresauts d’un vieil homme perdu dans des songes sans consistance aucune. Le bon droit a prévalu et c’est heureux.

Се случува демократска промена на режимот и ништо не би можело да ја запре, освен можеби последните возбудувања на старец загубен во својата илузија. Правдата победи и тоа е одлично.

Гвинеја

Во Гвинеја, реакциите ги отсликуваат тешкотиите кои настанаа од длабоките социјални поделби во земјата, за кои изборот на претседателот Aлфа Конде не беше доволен да се елиминираат. Алудирајќи на навиката на Гвинејците да додаваат „демократски избран“ секој пат кога ќе се спомне Алфа Конде, Камара Бубакар напиша коментар по статија објавена на интернет страницата на Гвинеа Њуз:

 Macky Sall est le Président élu du Sénégal. Ni lui, ni ses laudateurs, ni la presse sénégalaise n'ajoutera à la fonction du Président de la République le titre ” Démocratiquement élu ” comme pour justifier ce qui lui aurait maqué pour être le légitime représentant du peuple sénégalais.

Маки Сал е избраниот претседател на Сенегал. Ни тој, ни неговите лакеи, ниту пак сенегалскиот печат ќе ја додаваат фразата „демократски избран“ по титулата претседател на Републиката, за да ги оправдаат темните зделки на патот за станување легитимен претставен на народот во Сенегал.

На истата интернет страница, блогерот Диелта смета дека резултатите од изборите во Сенегал се:

Une victoire et un honneur pour le peuple sénégalais et ça doit être une leçon de morale pour les guinéens. Car il est temps que les guinéens sachent aussi que seule une élection objective peut être bénéfique pour tous. Il est temps que nous changions le changement en Guinée.

Победа и чест за народот од Сенегал и тоа мора да биде морална лекција и за Гвинејците. Бидејќи е време за нив да знаат дека објективни избори се корисни за сите. Време е да се најават промени и во Гвинеја.
Demonstrators show their joy by Nd1mbee on Flickr, used with his permission

Демонстрантите ја покажуваат својата радост од Nd1mbee на Фликр, употребена со дозвола

Того

Силвио Комбеј напиша статија на неговиот блог велејќи:

Ce qui importe, c’est l’alternance. Wade a fait deux mandats et est bouté dehors. Au Togo, on maintient la même famille au pouvoir depuis bientôt 50 ans.

Важно е дека промената се случи. Вејд исполни два мандата и беше сменет. Во Того, ја чуваме истата фамилија на власт во последните 50 години.

Мали

Има многу мислења од блогерите од Мали на страницата Maliweb. Една статија вели дека кога дошло времето да го стави гласачкото ливче во гласачката кутија, Абдулај Вејд се појавил со празни раце бидејќи го оставил ливчето во параванот. Размислувајќи за иборите кои требало да се случат во неговата земја, Ликви напиша:

Wade a suivi ce qui s’est passé au Mali, voila une des raisons pour lesquelles il félicite Macky, sans qu’on ne finisse avec le dépouillement!
 donc leçon bien reçue!!!

Вејд ги следеше настаните во Мали, тоа е една од причините поради која му честиташе на Маки, иако броењето на гласовите сè уште не беше завршено! Очигледно, добро ја научил лекцијата!!!

Кулибали исто така го изрази своето мислење:

Démontrons au monde entier que l’apparence trompe et que le peuple malien est mûr, et non naïf de mème que l’armée malienne. Ce sont les epreuves qui donnent les meilleures leçons,pour qui veut bien apprendre.Rappellons aussi avec respect les morts de la campagne senegalaise ainsi que les degats!

Ајде да му покажеме на целиот свет дека изгледот може да излаже и дека луѓето од Мали се зрели, а не лековерни како нивната армија. Ова се тестовите кои што ги учат на највредните лекции оние што сакаат да научат. Да ги запаметиме со почит луѓето кои починаа во текот на сенегалската кампања, како и целото уништување!

Буркина Фасо

Граѓаните на Буркина Фасо исто така се радуваа по изборите во Сенегал. Помеѓу многуте кои коментираа за изборите на интернет страницата lefaso.net, беше Силви која напиша:

Moi je serai plus direct. Malgré les achats de conscience et les menaces, tout pouvoir a necessairement une fin. Nos dirigeants doivent se mettre cette idée dans la tête. Le peuple vous jugera.

Јас ќе бидам подиректна. И покрај сите закани и купени гласови, на ваквата сила сепак треба да ѝ дојде крајот. Нашите водачи мора да го сфатат тоа. Луѓето се тие кои одлучуваат на крај.

Госпоѓа Каборе го даде своето мислење по истото прашање:

Les senegalais ont montré qu ils savent ce qu est la vraie democratie, et tout pouvoir fini par s’ éfriter [sic] et se perdre avec le temps. le Burkina doit prendre l’exemple sur le Senegal.

Сенегалците покажаа дека знаат што е вистинска демократија, и дека сета моќ се троши, завршува и слабее со тек на време. Луѓето од Буркина Фасо мора да го следат примерот од Сенегал.
Мавританија
Во Mавританија, политичката опозиција ги прослави мирните продолженија на изборите:
La Coordination de l’Opposition Démocratique, en félicitant le Président Macky Sall pour la confiance que le peuple du Sénégal vient de lui accorder ainsi que le Président Abdoulaye Wade pour le fair-play dont il a fait preuve, rend un vibrant hommage à l’expérience démocratique sénégalaise, unique en son genre en Afrique.
Лидерот на Демократската опозиција му честита на претседателот Маки Сал за довербата која ја доби од народот на Сенегал, како и на претседателот во заминување Абдулај Вејд за фер-однесувањето кое го покажа. Му оддаваме почит на сенегалското демократско постигнување, кое е единствено од овој вид во Африка.

Изгледа дека граѓаните од соседните земји на Сенегал би сакале да имаат слободни, транспарентни и фер избори во нивните земји.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.