Во индустрија каде трошоците растат правењето и промовирањето видео спот може да стане тешко. Веб-сајтот Музички видео спот за 99 долари им дава шанса на групите и режисерите да заблескаат со креативен спот, снимен за еден ден, обработен за еден ден и кој не чини повеќе од 99 американски долари.
Како што тие објаснуваат:
Музички видео спот за 99 долари е независна музичка мрежа посветена на спојување ниско финансиски модерни видеа со најдоброто од денешната сцена. Секоја недела проследуваме еден дебитантски спот од независни бендови кои се здружија во ист тим со локални режисери за да направат нови оригинални спотови.
Бидејќи повеќето спотови се од континенталниот дел на САД, имаше пријави од други земји, па денес ви носиме еден од тие примери. Музичарот qinhO и drgameiro од Бразил се исправи пред предизвикот и потроши само 17 долари на спотот „Mais de uma Janela“:
Во следното интервју на Скајп, музичарот и режисерите зборуваат со каналот кој е дел од Next New Networks.
Исто така, QuinhO може да го следите на Јутјуб.
Спотовите се поднесени од изведувачите или режисерите, а ако имате спот кој ги исполнува нивните критериуми тој може да биде додаден на овој канал. Иако производството на каналот се намали во последно време, се надеваме дека ќе не изненадат со нова сезона.