Пристигнувањето на папата Бенедикт XVI во Сантјаго де Куба, ја смести карипската нација помеѓу трендовските теми на Твитер. Раул Кастро и името на западната провинција беа помеѓу најзастапените теми вчера попладне.
По неговото пристигнување, претседателот Раул Кастро одржа поздравен говор за пречек на папата, во кој рече:
Cuba lo recibe con afecto y respeto y se siente honrada con su presencia. Encontrará aquí a un pueblo solidario e instruido que se ha propuesto alcanzar toda la justicia y ha hecho grandes sacrificios.
Куба Ве прима со љубов и почит и е почестена од Вашето присуство. Тука ќе видите солидарна и образована заедница која сама ја утврдила целта за постигнување на правдата и направила многу жртви.
Во меѓувреме, Бенедикт XVI го заврши својот поздравен говор по пристигнувањето, изјавувајќи:
Estoy convencido de que Cuba, en este momento especialmente importante de su historia, está mirando ya al mañana, y para ello se esfuerza por renovar y ensanchar sus horizontes, a lo que cooperará ese inmenso patrimonio de valores espirituales y morales que han ido conformando su identidad más genuina.
Убеден сум дека Куба, во овој доста важен момент од нејзината историја, гледа кон иднината. И правејќи го тоа, се бори за обновување и проширување на своите хоризонти со помош на духовните и моралните вредности кои го формираа нејзиниот идентитет.
Нетизените на интернет ги умножуваат песните кои се слушаат на плоштадот Антонио Масео во провинцијата Сантијаго, каде што повеќето луѓе носат бели маици.
Si el Papa no viene a Camaguey, a donde vaya, me voy con él.
Ако Папата не дојде во Камагеј, јас ќе одам секаде каде што ќе оди тој.
Во Фејсбук консултација направена од авторот, неколку млади Кубанци ги изразија своите мислења во врска со посетата на папата.
Блогерот Олемис Ланг вели:
Comparo esta venida del Papa con la de Juan Pablo II y las conclusiones son que aquella estuvo mucho más participativa.
Ја споредувам оваа посета на папата со онаа на Јован Павле Втори и заклучоците се дека втората беше попопуларна.
Амаја Тери спомена дека имало „преголема покриеност на настанот од сите медиуми“. Што се однесува до посетата на Јован Павле Втори од пред 14 години, таа истакнува:
No tengo muchas expectativas con este Papa, realmente no me hace ilusión; pero siempre se espera algo aunque muy en el fondo. El entusiasmo que existía con Juan Pablo II, éste nunca lo logrará en Cuba, aunque todos estemos orgullosos de recibirlos “con afecto y respeto”, la simpatía que dejó Juan Pablo II en nosotros es insuperable!!!
Тука може да погледнете видео снимка од првите моменти на папата во Куба.